Регион
Во Словенија од денеска редовна настава во училиштата, продолжено работно време на угостителите
Во Словенија продолжува ублажувањето на рестриктивните мерки, така што од денеска повторно започнуваат редовните часови на универзитетите и средните училишта, ќе се дозволи ограничено присуство на публика на спортски настани, а работното време во угостителските објекти ќе биде продолжено.
Претходните хигиенски и превентивни мерки сè уште се на сила, носењето маски е сè уште задолжително, освен на часови по физичко образование, а вработените во училиштата кои не прележале Ковид-19 или не биле вакцинирани, мораат да се тестираат еднаш неделно до ново известување.
Иако епидемиолошката состојба во Словенија е подобра, владата денес формално ја продолжи епидемијата за уште еден месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Регион
По Црна Гора, слаб земјотрес ја погоди и Хрватска
Земјотрес со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Риека, на длабочина од 34 километри.
Предходно, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 3,6 степени. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
Земјотрес во Црна Гора: се тресеше во близина на Будва
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.18 часот ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.
Засега нема информации за материјална штета.