Регион
Во Словенија падна снег среде лето
Заладувањето по силното невреме изминативе денови предизвика пад на снег во Словенија.
Како што соопштија од словенечката агенција за животна средина (Арсо), нивната камера на Кредарица снимила „краток снежен дожд“. На оваа највисока метеоролошка станица моментално е 1 степен Целзиусов, напишаа на Твитер, пренесе словенечката „Н1“.
🌨 Ohladitev nam ni prinesla zgolj številnih neurij, s katerimi smo se spopadali v preteklih dneh, ampak tudi nekaj snežink v visokogorju. Kamera na Kredarici je posnela kratkotrajno snežno ploho. Na najvišji meteorološki postaji je trenutno 1 °C.#trenutnovreme pic.twitter.com/eoOlCzODbT
— ARSO vreme (@meteoSI) July 26, 2023
Инаку, метеоролозите денеска издадоа жолто предупредување за целата држава. Според нивните прогнози, попладне ќе пристигне невреме пропратено со врнежи, а во Приморска ќе дува слаб до умерено невреме, кое во текот на вечерта ќе ослаби.
На 21 јули силно невреме го зафати западот на Словенија, од каде се движеше кон Хрватска и Србија, каде во доцните вечерни часови создаде хаос.
Невремето предизвика голема штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ изрази сочувство за смртта на Раиси
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство до народот и владата на Иран во врска со смртта на претседателот на таа земја, Ебрахим Раиси.
„Изразувам сочувство до народот и владата на Исламската Република Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси, искрен и доследен пријател на Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на мрежата Х.
Хеликоптерот со Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Регион
18-годишник е уапсен бидејќи го запалил хрватското знаме и го споделил на социјалните мрежи
Осумнаесетгодишник е уапсен во Славонија бидејќи на 1 мај го запалил хрватското знаме во шумата кај Трпија.
Како што дознала полицијата, тој тоа го снимил и го објавил на социјалните мрежи.
„На овој начин тој јавно го подложи знамето на Република Хрватска на потсмев и грубо омаловажување и на јавноста и стави на располагање видео од тој чин преку компјутерска мрежа, во кое повикува на насилство или омраза насочена кон група луѓе поради нивната национална или етничка припадност“, наведува полицијата во кривичната пријава.
Пријавата го товари младиот човек за јавно поттикнување насилство и омраза и нарушување на угледот на Република Хрватска. За овие злосторства му се заканува затворска казна до три години.
Од полицијата потврдија дека со решение на Жупанискиот суд во Вуковар, на 18-годишникот му е одредена мерка притвор.
Регион
Дачиќ му упати сочувство на Иран за смртта на претседателот Раиси: Бев шокиран од веста
Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, упати сочувство до раководството и народот на Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахи,ан.
„Бев шокиран од веста за трагичната смрт на претседателот Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахи,ан, како и членовите на неговата висока делегација. Иранскиот народ загуби посветен лидер, лојален на својата земја и на високата функција. Србија изгуби докажан пријател и важен партнер со кој искрено работевме во корист на традиционалната блискост на нашите народи“, рече Дачиќ.
Тој додаде дека иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахијан, е посветен на постојано подобрување на врските со Србија и дека заминувањето на претседателот Раиси и членовите на неговата висока делегација е огромна загуба за Иран, неговиот народ и државното раководство, се вели во соопштението.