Регион
Во Србија расправа за задолжително вакцинирање на војниците
Вoениот синдикат на Србија (ВСС) ги повика сите припадници на Српската војска (ВС) да се вакцинираат против коронавирусот, односно сами да одлучат за тоа, но бара кривична и дисциплинска одговорност од началникот на Генералниот штаб поради наредбата за задолжителна вакцинација, која, според ВСС, е неуставна.
„Со изјавата дека наредбата за задолжителна вакцинација на припадниците на вооружените сили останува во сила, генералот Милан Мојсиловиќ покажа дека не ги почитува државата Србија и припадниците на армијата, но и институцијата Народен правобранител, поради што тој мора да биде повикан на кривична и дисциплинска одговорност“, се наведува во соопштението на Вoениот синдикат на Србија.
Синдикатот посочува дека наредбата не може да биде конечна затоа што е издадена спротивно на Уставот, меѓународните договори и законот, односно од таму тврдат дека никој не е должен да постапува по неа, но апелираат до сите членови да се вакцинираат по сопствено убедување. Од претседателот Александар Вучиќ како врховен командант се бара да ја повлече, како што се вели, неуставната и незаконска наредба за присилна вакцинација на вработените во вооружените сили и да ги заштити Уставот и основните човекови права на припадниците на српската армија.
Во меѓувреме, се дозна и дека полицискиот директор Владимир Ребиќ минатиот петок издал наредба за задолжителна вакцинација на полицајци и службеници во Министерството за внатрешни работи на Србија, а досега реагира само претседателот на движењето „Љубов-вера-надеж“, Немања Шаровиќ, до неодамна член на Српската радикална партија. Шаровиќ посочи дека нема одлука за задолжителна имунизација на населението и врз таа основа тоа не може да биде задолжително ниту за полицијата бидејќи несомнено е незаконско и неуставно.
Србија почна масовна кампања за имунизација на 24 декември и досега искористи вкупно 4.269.018 дози користејќи четири вакцини – на Фајзер“/„Бионтек“, „Астра зенека“, вакцината „спутник В“ и онаа на „Синофарм“. Според Министерството за здравство, досега 1.881.908 граѓани ги добиле обете дози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

