Регион
Во Црна Гора се подготвува апсење на опозицискиот челник
Административната комисија на Скупштината (парламентот) на Црна Гора, едногласно во понеделникот попладнето го прифати барањето на Специјалниот државен обвинител Миливој Катниќ за симнување на имунитетот на пратениците и челниците на опозициската партија Демократски фронт, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, кои имаат спротивни ставови од актуелната прозападна црногорска власт .
Во барањето на обвинителството, како што пренесуваат електронските медиуми во Подгорица, пратениците Андрија Мандиќ и Миливој Кнежевиќ како водачи на Демократскиот фронт (ДФ) се осомничени дека наводно се членови на криминална организација којашто наводно е основана од руските разузнавачи Едуард Широков и Владимир Попов со цел „извршување кривично дело од тероризам“, како и дека прифатиле да постапуваат по нивни налози.
Оттаму, Специјалното државно обвинителство на Црна Гора побарало од парламентот одобрување за кривично гонење и одредување притвор против Мандиќ и Кнежевиќ. Медиумите притоа неофицијално дознаваат дека црногорскиот парламент, во врска со ова барање, веќе во среда ќе закаже итна и вонредна седница.
Претседателот на парламентарната Административна комисија Љуиџ Шкреља, во која членови се пратеник од Хрватската граѓанска иницијатива и мнозиснвово од владејачката ДПС, изјавил дека наводно според плановите на оваа „криминална организација, однапред било договорено Мандиќ и Кнежевич да организираат протестен собир на 16-ти октомври 2016 година, на ден на парламентарните избори, и дека по политичките говори со членовите на криминалната организација, кои присуствувале на митингот, да го пробијат кордонот на полицијата кој ја обезбедувал зградата на парламентот и насилно да влезат во просториите каде би прогласиле изборна победа на Демократскиот фронт, а потоа, според криминалниот план, да го уапсат и ликвидираат премиерот Мило Ѓукановиќ“.
Членови на парламентарната комисија од владејачката коалиција рекле дека тие не треба да оценуваат дали барањето за кривично гонење и одредување притвор за Мандиќ и Кнежевиќ се оправдани и законски засновани, туку дека имаат обврска на државните и правосудните органи „да си ја работат својата работа“.
Андрија Мандиќ, кој во моментов се наоѓа во Белград, пред неколку дена по апсењето на Михаил Чаџеновиќ кој бил возач и во неговата партија и во Нова српска демократија , порача дека за секоја глава што ќе летне од ДФ ќе одлета нечија глава“.
Одговарајќи на овие закани, челникот на Демократската партија на социјалистите“ (ДПС), Мило Ѓукановиќ, кој сега се повлече откако со децении беше на власт уште од периодот на Слободан Милошевиќ и заедничката држава со Србија, кон крајот на минатата седмица изјави дека „во Црна Гора повеќе нема да може неказнето да се работи против интересите на држава и да се вмешува во вршењето на терористичките чинови“.
Актуелниот премиер Душко Марковиќ потсети, како што рече, на „бескрупулозниот врз системот и државниот интегритет“ во текот на предизборната кампања, кој подразбирал „подготовка на терористички напа кој би имал „несогледливи последици“ за Црна Гора.
„Целта беше јасна – да се запре Црна гора на патот кон НАТО и Европската унија, и да се врати на погрешниот колосек и на погрешната страна од историјата“, рече Марковиќ.
Опозицијата во Црна Гора и претходно тврдеше дека се работи конструкција на властите за наводен терористички напад, за кој е платено на пензионирани српски полициски функционери, со цел да се оправда пресметката со опозицијата која бара на референдум а не во парламентот да се гласа за членството во НАТО и ЕУ.
Минатата седмица во интервју за подгоричкиот дневен весник Дан, Славко Никиќ ги негираше сите наводи на обвинителството, сметаат од ДФ и во понеделникот повторија дека станува збор за конструкција од страна на власта, откако „пронајде нов сведок од Косово и Метохија“.
„Секако, ниту Миливој Катниќ, ниту кој и да е во обвинителството не можат да достават ниеден доказ, бидејќи тие не постојат, како што не постојат ниту ‘државни удари’ освен во главите на и Специјалното државно обвинителство и шефот на режимот (Ѓукановиќ), кој пред некој ден ги охрабри да го продолжат прогонот на Демократскиот фронт“, соопштија од опозициската партија.
Истрагата на Специјалното државно обвинителство којашто се однесува на создавање криминални и тероризам во обид, проширена е сега и опфаќа 23 лица, соопшти обвинителството./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ: Разговарав со Вучиќ, Сојузот е „технички“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу Делхи изјави дека за време на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој „ги отфрлил стравувањата на Србија во врска со одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“.
„Ги отстранивме стравувањата што, според нас, постојат во Србија во врска со соработката меѓу министерствата за одбрана на Хрватска, Косово и Албанија.“ Објаснив дека оваа соработка е насочена кон техничка соработка на нашите оддели и дека на никаков начин не е насочена против Србија“, рече Пленковиќ.
„Значи, сега, колку што видов од неговата изјава, таа е прифатена“, им рече Пленковиќ на новинарите на маргините на самитот за вештачка интелигенција во Њу Делхи, пренесува „Хина“.
Според написите, минатата година, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за соработка во областа на одбраната и безбедноста, која, според толкувањето на експертите, не е исто што и договор за воено-техничка соработка,.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарницата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Регион
(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичницата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.

