Регион
„Врати се сонце наше“: исчезна момче во Загреб, било видено како влегува во бело комбе

Жељко Гргуриќ, момче родено 2008 година исчезна во Загреб. Жељко е висок 170 сантиметри, има кафена коса и очи.
Во моментот на неговото исчезнување тој носел црни тренерки, црно-бела маица, црна јакна и бели патики, пишува Индекс.
Преку Фејсбук апел за помош во потрагата испратила бабата на 15-годишното момче, која вели дека неодамна бил во Дуги Село со другарка кај негов познаник и дека бил виден како влегува во бело комбе против негова волја откако му наредиле двајца мажи.
„Драги мои, ве молам, внук ми го нема. Жељко, нека ни се врати сонцето,“, напиша таа.
Како датум на исчезнување е пријавен 22 јануари.
„Лицето се оддалечило од адресата во Загреб од улица Отон Жупанчиќ“, соопшти полицијата.
Исчезнувањето го истражува Јавното обвинителство во Загреб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Статуа на Меланија Трамп украдена во Словенија

Полицијата во Словенија истражува исчезнување на бронзена статуа на Меланија Трамп, која ја замени дрвената статуа уништена во пожар во 2020 година, објави „Гардијан“. Бронзената статуа, прикажана во природна големина, беше поставена на трупец од дрво на приватна нива во нејзиниот роден град Севница.
Според полицијата и творецот на статуата, американскиот концептуален уметник Бред Дауни, статуата била отсечена кај глуждовите и украдена. „Пријавата за кражбата е примена на 13 мај, а полициските службеници веднаш излегоа на местото на настанот и започнаа истрага“, изјави вчера портпаролката на полицијата Аленка Дреник Рангус.
Дауни рече дека дознал за исчезнувањето додека подготвувал нов проект во Германија и изрази жалење за загубата на статуата. Тој исто така изјави дека бронзената статуа била наменета како анти-споменик и анти-пропаганда и дека заменила дрвена скулптура што била запалена, што, според него, во тоа време не му било во ред.
Оригиналната дрвена скулптура ја прикажуваше Меланија во син фустан и високи потпетици, а ја изработи локалниот уметник Алеш Жупевц со моторна пила. Бронзената статуа беше подигната на крајот од првиот мандат на Доналд Трамп, додека тој водеше кампања за реизбор. Беше зајакната со бетон и метални прачки на приватно земјиште. Истрагата за исчезнувањето на статуата е во тек.
Титулата на Меланија како прва дама разбуди надеж во нејзиниот роден град дека Доналд Трамп би можел да ја посети Словенија, што досега не се случило, а во Севница разни производи како колачи, чоколадо, мед и влечки беа посветени токму на неа.
Регион
Претседателот на Европскиот совет: Албанија би можела да влезе во ЕУ пред 2030 година

Албанија би можела да стане членка на Европската унија пред крајот на деценијата, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
„Ако Албанија продолжи со истото темпо, сосема е можно да се приклучи на Европската унија пред 2030 година“, рече Кошта на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рам во Тирана.
Се зависи од тоа дали ќе продолжите по истиот пат или не“, рече претседателот на Европскиот совет.
Рама неодамна обезбеди четврти мандат со својата Социјалистичка партија на парламентарните избори.
За време на предизборната кампања Рама им вети на Албанците пристапување во Европската унија до 2030 година.
Од 2014 година, Албанија е официјален кандидат за членство, а преговорите се во тек од 2022 година. Земјата е членка на НАТО од 2009 година.
Набљудувачите неодамна забележаа одреден напредок во борбата против корупцијата.
Регион
Конститутивната седница на собранието на Косово одложена 16. пат

Конститутивната седница на собранието на Косово денес беше одложена шеснаесетти пат откога повторно не беше прифатен предлогот на движењето Самоопределување за одржување тајно гласање за избор на претседател на собранието.
55 од присутните 111 пратеници гласаа за формирање комисија, која ќе го надгледува тајното гласање.
Седницата е закажана да продолжи в сабота, 17 мај, во 10.30 часот.
Самоопределување исто така побара тајно гласање за претседател на собранието на последните шест седници, но опозициските Демократската лига на Косово, Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово, како и Српската листа, се против тоа одбивајќи да предложат членови на комисијата за тајно гласање.
Кандидат на Самоопределување за претседател на собранието е сè уште Албуљена Хаџиу, иако во шест обиди за избор таа никогаш не добила повеќе од 57 гласа, а за избор на претседател на собранието се потребни 61 глас.
Поради неможноста за конституирање на собранието, претседателката Вјоса Османи за денес закажа консултации со претседателите на партиите.
Конститутивната седница почна пред 30 дена, на 15 април, а врз основа на резултатите од изборите одржани на 9 февруари ниедна партија нема доволно мандати за самостојно да формира влада.
Самоопределување има 48 мандати, Демократската партија на Косово – 24, Демократската лига на Косово – 20, Алијансата за иднината на Косово и иницијативата „Нисма“ – 8, Српската листа – 9, Партијата за слобода, правда и опстанок – 1, а преостанатите 10 мандати им припаѓаат на претставници на другите немнозински заедници.