Регион
Вулин: Милановиќ е еден од најглупавите хрватски политичари

Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, изјави дека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ е еден од најглупавите хрватски политичари.
„Во Хрватска политичарите се поделени на отворени и тајни усташи. Кога, не знаејќи дека се снима состанокот со таканаречените бранители, гордо ги призна своите усташки корени, Милановиќ докажа дека припаѓа на тајните следбеници на усташкото движење.
Но, Милановиќ докажа дека е еден од најглупавите хрватски политичари кога се обиде да ги затвори границите со Србија во 2015 година, и тоа го потврдува секој ден кога ги напаѓа Србија и Вучиќ“, се вели во изјавата на Вулин.
Милановиќ претходно оцени дека Србија „нема силна намера“ да влезе во ЕУ и рече дека смета дека е пречка што српскиот претседател Александар Вучиќ „бил еден од најистакнатите поттикнувачи на војна во 90-тите години“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролени, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.
Регион
Дел од натстрешник се урна во центарот на Белград

Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на натстрешник, пишува „Н1 Србија“.
Ова, најверојатно, се случило во текот на ноќта, а жената што работи во продавницата за парфеми изјавила за „Н1“ дека сè било во ред во текот на денот.
Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат во тој дел од улицата.
Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.