Регион
Вучиќ: Благодарни сме на Казахстан на непризнавањето независност на Косово
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград се сретна со министерот за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртле, при што му се заблагодари на казахстанското раководство што не ја признало еднострано прогласената независност на Косово.
„Односите меѓу Србија и Казахстан се пријателски, а ние сме особено благодарни на претседателот Токаев и на Државниот совет на Казахстан за нивните принципиелни позиции за непризнавање на еднострано прогласената независност на Косово“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.
Тој додаде дека со Нуртлe разменил мислења за најважните билатерални прашања и глобалните случувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Заврши вештачењето на осомничените за убиството на Данка Илиќ, прогласени се за пресметливи
Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се осомничени за убиството на Данка Илиќ (2), по психијатрискиот преглед во Специјалната затворска болница во Белград, се прогласени за пресметливи.
Драгијевиќ и Јанковиќ во април беа испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, а денеска од Вишото јавно обвинителство Зажечар за „Нова.рс“ потврдија дека осомничените врз основа на наодите на вештачењето се прогласени за пресметливи.
Според досега добиените резултати од вештачењето на ДНК во Вишото јавно обвинителство во Заечар, од девојчето Данка Илиќ нема биолошки траги.
Сè уште трае и вештачењето на движењето на возилото на осомничениот врз основа на ГПС-уредот.
Регион
Поставен рекорд во центарот на Белград: 1.000 гитаристи свиреа истовремено
Концертот на „Guitar Art“ денеска собра 1.000 гитаристи на плоштад во Белград, кои поставија национален рекорд во присуство на инструменталисти кои свират на гитара и слични инструменти, пренесе српска „Политика“.
Концертот „1.000 гитари“ ги привлече пред се во центарот на Белград најмладите гитаристи и нивните учители, но заедно свиреа цели семејства, составени од три генерации: дедо, татко и син…
Имаше мајки и ќерки кои „замавнаа“ со белградскиот блуз квартет и специјалните гости на концертот, меѓу кои Дејан Цукиќ, Ју групата, Кики Лесендриќ и Пилотите, Срѓан Гојковиќ Гиле, Бојана Стаменов, Никола Чутурило – Чутура. „Ова е конечно моментот кога барем на еден час ги заменуваме силиконите за витамини на ’Трг Републике’. Ова е сеќавање на мојата младост и почетоци во рокенролот. Среќен сум“, изјави Никола Чутурило Чутура за Танјуг.
За неколку минути неколку илјади љубопитни луѓе се собраа на плоштадот да уживаат во првокласен музички настан.
Регион
Загинаа две лица, а пет се водат како исчезнати по судар на чамец и крузер во Дунав кај Будимпешта
Две лица го загубија животот доцна синоќа, а пет се водат за исчезнати во судар на мал моторен чамец и крузер на реката Дунав северно од Будимпешта, соопшти денеска унгарската полиција.
Телата на возрасен маж и жена се пронајдени северно од главниот град, а властите се уште трагаат по пет исчезнати лица.
Сома Чечи, портпарол на полицијата во Будимпешта, на прес-конференција рече дека, според досегашните сознанија, во чамецот имало вкупно осум возрасни лица и потврди дека две лица загинале, а пет се водат како исчезнати. Тројца мажи и две жени моментално се бараат со глисери и дронови, јавуваат унгарските медиуми.
Полицијата соопшти и дека во градот Комаром бил запрен поголем брод, а од увидот било откриено дека му е оштетен страничниот дел. Се врши увид и во тек е истрага за опасноста по водениот пат и смртта на неколку лица.