Регион
Вучиќ: Доаѓа најголемиот конфликт по Втората светска војна, ова досега не е ништо
За време на гостувањето на РТС, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за актуелни прашања, вклучително и за ситуацијата во Косово. Вучиќ се осврна и на настаните во светот и даде нималку светла прогноза.
На почетокот на емисијата водителот го праша Вучиќ зошто се уште го обвинуваат и критикуваат. Вучиќ коментираше дека има „интересни обвинувања“.
„Тоа се обвинувања за диктатура, автократија и авторитарност и тоа е дел од секојдневната политика. Видовте дивеење на неколку пратенички групи, неколку напади врз мене и претседателот на собранието и никој не беше исклучен од таа седница“, рече тој.
„Се соочуваме со најголемата криза во светот што ја видовме по Втората светска војна“, продолжи Вучиќ гoвoрејќи за ситуацијата на Косово и за настаните во таа земја по 2000 година.
„Се соочуваме со најголемата криза во светот што ја видовме од Втората светска војна. Ова беше речиси ништо во споредба со она што доаѓа. Се соочуваме со голема ескалација.
Се надевам дека луѓето ќе сфатат дека никому не му треба и дека ќе се обидат да ја деескалираат ситуацијата. Во следните пет до шест месеци ќе следат најголемите конфликти досега. Србија поради геополитичките случувања ќе се најде меѓу „чеканот и наковалната“.
„Притисокот врз Србија, кога се во прашање односите со Русија и Косово, ќе биде неспоредливо посилен. Ќе ни биде тешко кој и да победи во војната. Сега ви е јасно дека одиме во целосен хаос.
Многу е тешко, речиси невозможно, да се победи западното единство кога станува збор за војната во Украина. Единството на Русите се буди дури сега, откако украинската армија доби значителна помош во вид на тенкови Леопард“, изјави претседателот на Србија во гостувањето на РТС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Штрајк на државните службеници во Грција: бараат повисоки плати поради високите цени
Синдикатот на државните службеници на Грција (АДЕДИ) од утрово е во еднодневен штрајк со барање за зголемување на платите за 10 отсто поради високите цени бидејќи некои нови цени во Грција се драстично повисоки од цените на истите производи на други места во ЕУ.
По генералниот штрајк на сите синдикати на крајот на февруари, Конфедерацијата на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ) во април имаше 24-часовен штрајк од истите причини.
Во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, премиерот Киријакос Мицотакис побара повеќе транспарентност на единствениот пазар на ЕУ укажувајќи дека тоа е еден од приоритетите на граѓаните пред изборите за европратеници на 9 јуни.
„Клучно е ЕУ да докаже дека е способна да ги постави вистинските приоритети, вклучително и заштита на потрошувачите пред високите цени“, напиша Мицотакис во писмото испратено во саботата и објавено во понеделникот.
„Мора да се преземат храбри мерки за да се обезбеди единствениот пазар да функционира со поголема конкуренција и транспарентност во корист на потрошувачите“, посочи Митотакис три недели пред евроизборите.
Соочен со незадоволството на граѓаните во Грција, тој бара Брисел „одлучно, брзо и ефикасно да интервенира“ за да се регулира единствениот пазар.
Според него, „неодамнешната инфлаторна криза доведе до значително намалување на куповната моќ на европските граѓани и ја истакна асиметричната моќ на мултинационалните компании во однос на диференцирање на ценовните политики“.
Куповната моќ и инфлацијата се главните грижи на Грците пред европските избори.
Според Мицотакис, во одредени земји како Грција основните производи за широка потрошувачка се продаваат поскапо отколку во другите земји на ЕУ поради „територијалните ограничувања за снабдување наметнати од големите мултинационални компании“.
Станува збор за тоа што големите мултинационални компании се договориле да ги приспособат цените според големината на пазарот во земјата, тие се пониски на големите пазари бидејќи таму имаат конкуренција, а повеќе на малите каде што има помала конкуренција.
Митотакис предлага мерки за „спречување на политиката на одредени мултинационални компании да продаваат исти или слични производи за широка потрошувачка под разни брендови во разни земји членки, што им овозможува да имаат разни цени“ и повикува на „забрана на нефер комерцијалните практики“.
Во април потрошувачките цени во Грција пораснале 3,1 отсто во споредба со истиот месец лани, при што цените на храната пораснале 5,4 отсто – покажуваат податоците на грчката статистичка служба „Елстат“.
Високите трошоци за живот го зголемија социјалното незадоволство во Грција, каде што, според европската статистичка служба на ЕУ, „Евростат“, платите се само на 21. место меѓу 27-те земји од ЕУ.
Регион
Мотивот би можел да биде љубомора: осомничениот за убиството на сопругата и двете деца во Тузла купил секира на пазар
Тузланецот Мујага Чичкошиќ е осомничен дека ги убил сопругата и двете деца на возраст од девет и две години, а потоа се фрлил од стан во зградата и се самоубил.
Истражните екипи пронашле секира, со која, како што се сомнева, е извршено убиството, пренесува „Аваз“. Пронајдени се и други остри предмети, а истрагата ќе утврди дали ги убил со сечилото или со тапиот дел од секирата. Наредено е вештачење.
Според неофицијални информации на „Аваз“, обвинителите и истражителите се сомневаат дека мотивот за грозоморното убиство би можел да биде љубомора. Засега оваа информација не е официјално потврдена.
Чичкошиќ, како што потврдија за „Аваз“, пред неколку дена се вратил од Германија, каде што работел како медицински техничар. Бил вработен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Тузла, како и неговата сопруга, но заминал да работи во Германија.
„Аваз“ пишува дека Чичкошиќ, како што досега покажала истрагата, детаљно го испланирал бруталното злосторство. Како што потврди изворот на „Аваз“, тој купил секира на пазарот кај Хемет неколку дена пред злосторството и со неа ги убил членовите на семејството.
Во станот била пронајдена глетка со цедење крв, а наводно целиот стан бил уништен. Се сомнева дека сопругата се обидела да ги спаси децата, но не успеала.
Она што ги шокира истражителите е тоа што Чичкошиќ наводно оставил белешка на вратата од станот по стравотното злосторство, пренесуваат медиумите. Наводно пишувало имиња на одредени луѓе. Полицијата сега истражува за кого станува збор.
Наводно, меѓу нив се и имињата на одредени роднини, кои му помогнале да се вработи во Германија.
Регион
Објавена фотографија од мајката што беше убиена во Тузла заедно со своите деца, осомничен е таткото, кој си пресудил
Колегите се збогуваат со Амела Чичкошиќ, која вчера беше убиена во стан во Тузла со двете деца. Има сомневања дека сопругот пред два дена во семејниот стан ги убил Амела и децата, а потоа се самоубил скокајќи од 14. кат од зградата.
Еден ден по откривањето на телата на Амела и децата, колегите и пријателите се збогуваат со жената, која ја опишаа „како убава, со црни, бистри очи“.
За неа имаат само пофални зборови и благодарност за сè што направила, особено во тешките моменти на короната.
„Тузла, УКЦ и сите што ве познаваа изгубија многу. Многу сум тажен и барем вака сакам да ви оддадам почит. Бевте доблесен, вреден, сериозен, доверлив, хуман човек. Еден од најдобрите што ги знам. Ковид-19 ги покажа вистинските лица на многумина од нас. Можеби не си добила формална благодарност, но ти благодарам во мое име и во име на многуте животи што ги спасивме заедно во тешките денови“, напиша една од колешките на Амелија од Универзитетот во Тузла.
„Голема тага, голема болка. Искрено сочувство до семејството. Алах нека ги благослови неа и нејзините деца“, рекоа тие.
Телата на Амела и нејзините деца се пронајдени во населбата Тузла. Децата беа на девет и две години. Издадени се наредби за обдукција и ДНК-вештачење за да се утврдат сите околности на ова злосторство.