Европа
Вучиќ: Добив чудни информации за регионот, но ќе го зачуваме мирот

„Србија ќе го зачува мирот. Слободно бидете мирни. Сакаме луѓето да живеат во слобода, да живеат во мир, да живеат од својата работа“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ за време на презентацијата на предизборната програма на неговата партија.
Според српските медиуми, Вучиќ открил дека добил „некои чудни информации на Телеграм во текот на попладневните часови“.
„Но, ние ги анализиравме и сè ќе биде во ред. Тоа се однесува на ситуацијата во регионот и ќе успееме да го зачуваме мирот. Слободно бидете мирни. Сакаме луѓето да живеат во слобода, да живеат во мир, да живеат од својата работа“, рече тој.
Вучиќ се осврнал и на состојбата со храната во регионот и светот. Тој кажал дека станува јасно дека храната нема да биде доволна за секого.
„Јасно е дека количината на храна што ја имаме во Европа нема да биде доволна за секого. Јасно е дека количината на жита е помала од побарувачката“, изјави српскиот претседател.
Тој додаде дека Србија сметала на оваа ситуација и дека има огромни барања за извоз на храна, најмногу од Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата започна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.
Европа
Објавени првите фотографии од телото на папата Франциско: во рацете има бројаница

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциско. Неговото тело е положено во едноставен дрвен ковчег, со бројаница во рацете, митра на главата и облечен во црвена литургиска одежда, ден откако почина од последиците од мозочен удар во неговиот дом.
Телото на папата Франциско се уште се наоѓа во неговиот дом Санта Марта, каде што тој се опоравуваше откако помина повеќе од еден месец во римската болница Гемели поради билатерална пневмонија.
Според планот, утре, 23 април, среда, телото ќе биде преместено во базиликата Свети Петар за да можат верниците да им оддадат почит.
Европа
Украина: Соборивме 38 руски дронови, лансираа 54

Во текот на ноќта Русија лансираше 54 беспилотни летала, од кои 38 беа соборени, додека останатите 16 не стигнаа до целите. Регионите на Одеса и Киев беа нападнати во текот на ноќта, а во утринските часови започнаа нова непријателска акција, соопшти денеска Авијацијата на вооружените сили на Украина, пренесува УНН.
Според извештајот на Авијацијата на вооружените сили на Украина, Русите синоќа нападнале со 54 нападни беспилотни летала (UAV), а зоните за лансирање биле Милерово, Курск, Брјанск, Приморско-Ахтарск (Русија) и Чауда (Крим).
Воздушниот напад е одбиен со помош на воздухопловните сили, противавионски ракетни единици, опрема за електронско војување и мобилни огнени групи на украинската одбрана, соопштија тие.
До 9 часот потврдено е дека биле соборени 38 нападни беспилотни летала Шахед на истокот, северот, југот и центарот на земјата, објави Военото воздухопловство на социјалните мрежи.
„Поради непријателскиот напад беа погодени регионите на Одеса и Киев“, се вели во извештајот.
„Нов бран руски напади започна во 8 часот! Групи ударни беспилотни летала влегуваат од север над областа Суми“, нагласија од воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.