Регион
Вучиќ за „Вашингтон пост“: Пријатели ни се и Русите и Европејците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во интервју за „Вашингтон пост“ вели дека Србија ги смета за вистински пријатели и Русите и Европејците, но напоменува дека Москва била на страната на Белград во Советот за безбедност на ОН, кога другите не биле.
На прашањето дали Србија е подготвена да ѝ воведе санкции на Русија ако стане членка на ЕУ, Вучиќ истакна дека Србија не само што има регулиран и нормален став туку има и единствен одбранбен став, а тоа според него значи дека Србија е на пат кон ЕУ и сака да припаѓа на европското општество.
„Тоа е приоритет, од најголемо значење за нас. Сакаме да бидеме дел од ЕУ како организација на 27,28 членки, која е најголем блок на мирот и стабилноста. Исто така, тоа ќе ни помогне да ја одржиме стабилноста и да продолжиме со реформите во различни прашања, вклучително и за борбата против корупцијата. Тоа е она што ни треба“, рекол Вучиќ.
Од друга страна, пак, укажува на тоа дека Србија го има прашањето за Косово, кое, како што вели, го толкува на различни начини, но Косово е присутно во сите преговарачки поглавја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.