Регион
Вучиќ за „Ла Стампа“: „Курти нека ги повлече војниците и ќе има мир“
Српскиот претседател Александар Вучиќ му порача на косовскиот премиер да ги повлече војниците од северот на Косово и тогш ќе има мир.
Тој во интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа“, вели дека Косово е дел од Србија и дека тоа е многу јасно.
„Тоа го пишува во Уставот на Република Србија, тоа е потврдено и со Резолуцијата на ОН од 1999 година. Што е проблемот? рече Вучиќ.
Тој додава дека Србите кои живеат на север и во другите енклави се чувствуваат нападнати од специјалните единици на косовската полиција.
„Речиси секоја недела. Постојат сигурни извори кои го потврдуваат тоа. Приштина нема право да има специјална полиција на север. Тие приведуваат, запираат, малтретираат нашиот народ. Курти отсекогаш велел: „Ние сме суверена земја, имаме право да ги распоредиме нашите сили каде сакаме”. Јасно е дека тој не може да го стори тоа. И направи повеќе од тоа. Луѓето почнаа да протестираат против незаконското и нелегитимни избори за градоначалник.. Има општини каде што градоначалникот го избрале 11 луѓе. Не е демократски да има 0,02 отсто. Дури и Американците и ЕУ го осудуваат неговото однесување. Но тој не сака да го слушне тоа“ вели Вучиќ.
Тој додаде дека ако Курти ја тргне војската, тогаш ќе има мир.
„Да ги одведе неговите наводни градоначалници на југ и да ги отстрани неговите војници од север. Тогаш ќе има вистинско помирување меѓу Србите и Албанците. Ние го сакаме тоа, подготвени сме на многу компромиси. Од друга страна, има и такви чии Единствената цел е да се протераат Србите и да се покажат мускулите. Го смируваме народот, но ако продолжи вака, тоа нема да биде можно.
Ние сме длабоко благодарни на нашите американски партнери што нагласија чија е вината, кој ги сакаше овие инциденти. Но, ни треба повеќе. Притисок од меѓународната заедница за Приштина да дејствува на рационален начин. Ние сме подготвени за дијалог“ вели во интервјуто Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.
Регион
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
Во Бјеловар, Хрватска во семејна куќа се пронајдени две починати и едно тешко повредено лице, кое е префрлено во болница. Најверојатно се работи за насилна смрт, а според неофицијални информации, мажот ја убил мајката на неговата жена, а се обидел да ја убие и сопругата која е тешко повредена.
Напаѓачот, според првичните инфрормации се самоубил.
Хрватската полиција засега не ги потврдува неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство.
Полицијата дојавата ја добила околу 10 часот, а на местото се врши увид.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.