Регион
Вучиќ: Никого нема да пуштат во ЕУ пред Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека е ноторна лага оти на барикадите на Косово имало членови на платеничката организација „Вагнер“ и дека не е фер да се повикуваат Србите на војна во Украина.
„Не е фер да се повикуваат Србите во војната во Украина, не е фер ние да страдаме затоа што го примивме секој човек од Руската Федерација и затоа што рускиот е мајчин јазик овде и затоа што не воведовме санкции“, вели Вучиќ, пишува „Н1 Србија“.
Оние што повикуваат на оружје и војна се исто толку опасни за земјата како и оние што велат дека треба да се откажеме од Косово. Тие таканаречени патриоти, доброволни дарители на туѓа крв, од кои никој не се пријавил доброволно да помогне со оружје кога работите во Косово биле тешки, не се пријавиле некако да помогнат. Тие само ја критикуваа својата земја затоа што беа засегнати нивните интереси. Тие луѓе се подли“, рече Вучиќ.
Тој посочи дека во ерата на социјалните мрежи лагите и екстремните ставови имаат најголема поддршка.
Зборувајќи за притисоците врз Србија од странство, пред сè, од Европската Унија, Вучиќ вели дека не се плаши дали Србија ќе биде третирана како Турција.
„Никого нема да пуштат во ЕУ пред Србија, но се плашам од повлекување на инвестициите бидејќи европските инвестиции од Русија беа повлечени многу бргу, иако инвестициите во Русија беа многу поголеми“, коментира Вучиќ и повтори дека по враќањето од Давос, очекува средба со големата четворка затоа што европскиот пат е многу важен за Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Силно невреме во Србија: ветерот корнеше дрвја, дел од зградите останаа без покриви

Силна бура го погоди Белград и некои делови од Србија во раните попладневни часови. Пет лица се повредени, а предизвикана е голема материјална штета, пренесуваат тамошните медиуми.
Бурни налети на ветер соборија кран на градилиштето во Нов Белград, превртеа приколка за влечно возило, а осамна и видео од Ледино кај Сурчин, каде што бројни станбени згради останаа без покриви. Луѓето во областа според написите, избегаа без никакви последици, а најмалку две згради останаа без покриви.
Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, објавува Спутник.
МУП издаде и тревога за ризик од силна бура со дожд, грмежи, голем град и силни налети на ветер.
Регион
Поради екстремните горештини затворен познатиот Акропол во Грција

Поради екстремната топлина што ја зафати Грција, познатиот Акропол во Атина ќе биде затворен за посетители до 17 часот.
Во земјата се очекуваат температури до 42 степени, а издадени се и бројни предупредувања поради зголемениот ризик од пожар, јавува Би-Би-Си.
Грчките власти одлучија повторно да го затворат Акрополот, еден од најпосетуваните археолошки локалитети во Европа, додека метеоролозите најавуваат нови високи температури и многу висок ризик од пожар.
Министерството за култура објави дека Акрополот ќе биде затворен во најжешкиот дел од денот, помеѓу 13 и 17 часот.
„Мерката е усвоена за безбедноста на вработените и посетителите“, соопшти Министерството за култура. Повеќе од 4,5 милиони луѓе го посетуваат Акрополот годишно.
Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.