Регион
Вучиќ: Никој нема да ми наредува, ниту од Москва, ниту од Вашингтон, ниту од Берлин

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ниту еден од функционерите на странски држави нема политичко влијание врз него, премиерот и претседателот на парламентот, дури ниту од Русија.
На заедничката прес-конференција со германскиот министер за одбрана Борис Писториус, тој исто така рече дека е горд што претставува земја која, како што нагласи, е слободна и независна.
„Што се однесува до руското влијание, да бидам многу јасен… економското влијание е неспоредливо помало од германското, што се однесува до политичкото влијание, не можам да зборувам за сите актери, можеби врз некои имаат можеби немаат влијание на некои, на премиерот, на собранието и на републиката, никој освен граѓаните на Србија нема никакво влијание“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека никој не може да му нареди и дека, како што рече, „ниту од Вашингтон, ниту од Москва, Берлин или од кое било друго место“.
Тој потсети и дека Србија сака да биде на европскиот пат и му се заблагодари на германскиот министер за искрените ставови по ова прашање.
„Србија носи одлуки, под ничие влијание, горд сум на таа политика и така ќе биде и во иднина“, рече тој.
Запрашан за бројот на Русите во Србија, по агресијата на таа земја врз Украина, Вучиќ рече дека Русите кои се во Србија главно се ориентирани против претседателот Владимир Путин и дека, како што оцени, интересно е што Украинците во Србија се претежно „ многу повеќе ориентирани во корист на Путин.
„Тоа не е голема бројка, ги има некаде околу 45.000 до 50.000“, рече српскиот претседател, пренесуваат тамошните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Регион
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.
Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.