Регион
Вучиќ: Опозицијата сама ќе одбере дали ќе ги бојкотира изборите
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека опозицијата сама ќе одлучи дали ќе оди на бојкот, но тој може да гарантира дека не постои начин да се случи изборна кражба и дека е подготвен да овозможи тоа да го потврдат меѓународните институции.
Во интервју за ТВ Прва, Вучиќ истакна дека од 15 лица на избирачко место, 10 ја претставуваат опозицијата и дека не е можно да се дојде до изборни манипулации ниту на самото гласачко место, ниту по гласањето.
Вучиќ рече дека зад анонимниот профил од кој е упатена смртна закана за неговиот син и се изречени закани за силување на неговата ќерка, не стои психопат туку станува збор за политичка омраза.
За атмосферата на насилството во општеството, Вучиќ ги обвини лидерите на Сојузот за Србија (СзС), кои ѝ се закануваа на премиерката Ана Брнабиќ и упаѓаа во РТС.
Тој додаде дека опозицијата не сака да го пофали новиот автопат преку Грделичка Клисура, а со денови ја споделува сликата за „една линија на напукнат асфалт“, што е веќе поправено.
Вучиќ изјави дека комесарот на ЕУ, Јоханес Хан, сака да се продолжат разговорите меѓу Белград и Приштина, но на ЕУ не и е грижа зошто нема дијалог се додека не дојде до конфликт во Косово.
„Некој тука не е апсолутно искрен, а кој е тоа, гласачите сами нека заклучат“, истакна Вучиќ за време на гостувањето на ТВ Прва.
Тој додаде дека не знае дали ќе дојде до продолжување на дијалогот до крајот на годината, но верува дека Србија ќе излезе од тоа на најдобар начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Храната за бебиња „аптамил АР1“ повлечена од пазарот во Хрватска
Поради зголеменото присуство на бактеријата Bacillus cereus, хрватскиот Државен инспекторат го повлече од пазарот „аптамил АР1“, формула за бебиња, произведена од Nutricia Export BV од Холандија, соопшти Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH).
Ова е исклучиво за производот од 400 g (храна за посебни медицински потреби) со рок на траење до 17.5.2026 година и ЛОТ: 111444865. Дистрибутер на производот на хрватскиот пазар е AWT International d.o.o.
Производот не е во согласност со регулативата на Европскиот парламент и на Советот за утврдување на општите принципи и барања на законодавството за храна, основање на Европскиот орган за безбедност на храната и утврдување процедури во прашањата за безбедност на храната и водичот за микробиолошки критериуми за храна, објави 2Индекс.хр“.
Регион
Сараево меѓу најзагадените градови во светот утрово
Сараево утрово се најде на врвот на листата на градови со најголемо загадување на воздухот во светот врз основа на податоците собрани и систематизирани од швајцарската веб-страница IQAir.
Според податоците, квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина беше во таканаречената кафеава категорија, што е највисокото можно ниво на предупредување или ознака за воздух опасен за здравјето на луѓето. Индексот на квалитет на воздухот беше 355, а сè над 300 се смета за опасно за здравјето.
Следниот град со најголемо загадување на воздухот во светот беше Лахор во Пакистан со индекс од 271, што спаѓа во категоријата многу нездрав воздух.
Концентрацијата на фини честички прашина во воздухот ПM 2,5, кои продираат длабоко во белите дробови и може трајно да го оштетат здравјето во Сараево, беше 53 пати поголема од годишната референтна вредност дозволена од стандардите на Светската здравствена организација (СЗО).
Сараево е на листата на најзагадени градови во светот од синоќа. Ваквата ситуација е честа појава во зимските месеци, особено во периодите кога има температурна инверзија, па добиената магла го покрива сараевскиот басен, а честичките штетни супстанции се акумулираат под него.
За најголеми загадувачи на воздухот во Сараево се сметаат многуте согорувачки постројки, кои користат цврсти горива, како и густиот градски сообраќај, кој вклучува голем број стари возила. Локалните власти со децении не успеваат да го решат овој проблем, според медиумите во регионот.
Фото: депозитфотос
Регион
Американец загина во Словенија: се искачувал на Триглав
Американски државјанин загина во Словенија, најверојатно откако паднал од планинарска патека на Алпите, соопшти словенечката полиција.
Семејството на 33-годишникот изјави дека тој тргнал на планинарење во понеделник наутро до Триглав, највисокиот врв во Словенија, а потоа исчезнал, објави словенечката новинска агенција СТА.
Неговото тело е пронајдено вчера околу 1 часот наутро на дното од планинарска патека. Полицијата соопшти дека првичните наоди укажуваат дека паднал по стрмна падина.
Идентитетот на починатиот не е објавен.
Словенија е популарна дестинација за планинари и алпинисти поради бројните патеки во Јулиските Алпи.

