Европа
Вучиќ: Се плашам дека се отиде предалеку, не го гледам клучот за решавање на ситуацијата
Српскиот претседател Александар Вучиќ, одговарајќи на прашањето по средбата во Брисел, дали некој го има клучот за решавање на актуелната ситуација на Косово, рече дека нема, и дека се плаши дека се отишло предалеку и дека се плаши дека луѓето не разбрале сè што зборувал претходно.
„Многу луѓе го гледаат тоа сега, но сè уште се плашат од чуварите на лулката и непослушните тинејџери, па во тоа е политичкиот проблем, но што правиме. Знаете, не е се во животот измешано некои работи можеш да ги разбереш, некои не можеш, што и да е, треба да се соочиш со последиците. Мораме да бидеме со нашиот народ во Косово, но мораме да бидеме и со почитување на меѓународното јавно право, со почитување на Повелбата на ОН и резолуцијата 1244, на кои тие се повикуваат кога им одговара, а кога не им одговара , не им е грижа за Резолуцијата 1244 и за Повелбата на ОН“, рече претседателот во своето обраќање по средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Вучиќ, на новинарско прашање што може да им каже на жителите на Косово од Брисел, рече дека му е многу тешко да им се обрати и дека не знае што би им рекол.
„Дали мислите дека е можно да се собере што повеќе народ во Грачаница и Ранилуг? А знаете дека се во сосема албанска средина. Да се собереме и да протестираме. Тоа значи дека овие луѓе се плашат за својот живот и за своите деца. Можам само да им кажам дека сме заедно со нив и дека знам колку им е потешко отколку на нас што живееме во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и секое друго место во Србија. Дека ќе направиме се за да им помогнеме да го зачуваат мирот и да ги вратат тие луѓе дома кај нивните семејства“, рече Вучиќ и им порача на Србите во Косово да се однесуваат храбро, како што секогаш се однесувале.
Вучиќ вечерва изјави дека не може да каже дали на средбите во Брисел е направен чекор за деескалација на ситуацијата на северот на Косово, бидејќи не присуствувал на средбата на која Високиот Претставникот на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел се сретна со косовскиот премиер Албин Курти, но му се чини дека Брисел прави се што е во нивна моќ за да се дојде до решение и да се разбере ситуацијата на земјата.
„Она што ќе се случи понатаму ми се чини дека во многу помала мера зависи од Борел и нас, а многу повеќе од оние кои не беа заинтересирани за мир или стабилност, но се обидуваа да предизвикаат немири со секојдневни провокации. Секогаш е добро кога можете да слушнете некого и да разјасните. Така што не гледам никаква штета во состаноците. Ако се случи нешто добро – одлично. Ако не – што да правам“, изјави претседателот на Србија по средбата со Борел.
Тој додаде дека не може да влијае на некои работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.

