Регион
Вучиќ: Утре очекувам нови оставки во Владата на Србија
Претседателот Александар Вучиќ изјави дека утре очекува нови оставки и во Владата и на други места поради несреќата во Нови Сад.
Сигурен сум дека надлежното обвинителство во најбрз можен рок ќе преземе мерки“, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија на конференцијата во Палатата Србија изјави дека „одговорноста не може да се избегне“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Го познавам Путин, Србија ќе ги подготвува скривниците за нуклеарен напад
Ако безбедноста на Москва и нејзиниот народ е загрозена, Путин ќе користи нуклеарно оружје, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ. Тој кажа дека и Србија ќе се подготвува за нуклеарен напад.
„Путин нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје. Ние како земја не сме подготвени. Имаме скривници кои во моментов може да соберат само 258 илјади луѓе. Мораме да ги обновуваме, и да дојдеме до 1 милион до 1,5 милиони луѓе да можеме да сместиме. Ние нема да бидеме мета, но ќе бидат мета сите околу нас, и затоа мораме да водиме сметка. Им се извинувам на граѓаните што таа работа навреме не ја направивме, но ќе се занимаваме со тоа што е можно побрзо“, рече српскиот претседател вечерва во обраќање кон граѓаните на Србија.
„Познавајќи ги сите актери, мислам дека никој нема да се двоуми да ги искористи сите алатки што ги има. Малкумина го познаваат претседателот Путин како мене, ниту се критикувам, ниту се фалам со тоа, посочи тој и додаде:
„Ако е загрозена безбедноста на Москва и нејзините сили, ако нема излез, однапред ви велам дека нема да се двоуми ниту еден час, да го искористи нуклеарното оружје.
Регион
Вархеји: Проширувањето на ЕУ е неизбежно, прашање е колку земји ќе се приклучат и кога
Понатамошното проширување на Европската унија е неизбежно, а сега прашање е колку земји ќе се приклучат и кога, изјави денеска комесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји пред парламентарната комисија за европски прашања.
„Политиката на проширување стана една од најважните теми за ЕУ“, рече Вархеји, пренесе МТИ.
Зборувајќи за пакетот за проширување на европскиот блок од 2024 година, Вархеји рече дека проширувањето е еднакво на „инвестирање во долгорочниот мир, безбедност и просперитет на ЕУ“.
Регион
Затвореници се обидувале да го ископаат ѕидот од собата и да се ослободат: акција во Црна Гора
Раководството на затворот во Бело Поле спречило бегство на петмина затвореници, кои се обидувале да го ископаат ѕидот од собата и да се ослободат.
Ова го соопштија од Управата за извршување кривични санкции, од каде што појаснија дека вчера во затворот бил извршен планиран претрес во просторијата во која биле сместени петмина притвореници.
„По тој повод, а врз основа на претходни оперативни сознанија и следење на приведените, откриени и спречени се активности насочени кон ископување на надворешниот ѕид на оваа просторија. Врз основа на достапните податоци од УИКС, активностите на приведените биле насочени кон планирање и подготовка на бегството за потребите на двете приведени лица“, соопшти Службата за односи со јавноста на УИКС, пишува „Вјести“.
Објаснија дека УИКС за ова ја известила Управата на полицијата, односно Центарот за безбедност во градот.
„И поради понатамошните активности на овој државен орган и на надлежното обвинителство“.
Посочуваат дека врз основа на нивните законски овластувања ќе поведат дисциплинска постапка и ќе воведат мерки на претпазливост против одговорните приведени.
„Ве молиме, имајте предвид дека поради недостиг на капацитет на истражниот затвор во Подгорица за сместување притвореници, во затворот континуирано се сместени меѓу 100 и 120 притвореници, а од затворот во Подгорица се префрлени во оваа организациска единица. Сето горенаведено ја комплицира безбедносната состојба и доведува до нови предизвици, ризици и закани со кои се соочуваат службениците на УИКС секојдневно во својата работа, што бара секојдневни дополнителни напори во форма на континуирани засилени контроли на активностите на лицата, лишување од слобода, претреси на простории и лица, зголемен број извршни дејства, но и многуројни други активности“, објаснуваат од УИКС.
Додаваат дека за да одговорат на постојните предизвици, ќе продолжат со континуирани активности во насока на одржување стабилна безбедносна состојба.