Регион
Вучиќ: Целосна поддршка за територијалниот интегритет на Украина, oва не е време за санкции кон Русија
Србија нуди целосна поддршка на територијалниот интегритет на Украина и смета дека нејзиното нарушување е погрешно, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ презентирајќи ги заклучоците на Советот за национална безбедност за Украина, пренесуваат српските медиуми.
„По повод санкциите кон Русија, Србија ќе се води според заштитата на своите интереси“, изјавил Вучиќ и оценил дека за Србија не е од витално значење да воведува санкции кон никого.
Тој уште на почетокот изјави дека ова се особено тешки денови за Србија поради многу причини.
„Претходните денови се обидовме и успеавме да заземеме единствен став во врска со прашањето за кризата во Украина и нашите постапки и реакции, како и сите дејства и потези што треба да ги спроведат нашите државни органи. Бевме соочени со проблеми и притисоци , речиси нескриено“, изјави Вучиќ.
Тој нагласи дека има многу лаги и дезинформации во медиумите во Србија и регионот за положбата на државата.
„Во еден момент се запрашав зошто некој сака да гледа во српскиот двор.
Претседателот потоа ја прочита одлуката на Србија.
„Советот за национална безбедност на седницата заклучи: 1. Србија искрено жали за настаните во Источна Европа. Русите и Украинците се наши братски народи. 2. Србија е посветена на територијалниот интегритет и на политичката независност на државите 3. Србија е посветена на зачувување на нејзиниот територијален интегритет, а со тоа и на интегритетот на другите земји. 4. Поради нејзината доследност со почитувањето на меѓународното право, не може да ѝ се приговори на Србија. 5. Србија дава целосна поддршка на територијалниот интегритет на Украина. 6. Србија смета дека е погрешно нарушувањето на територијалниот интегритет на која било земја, вклучително и Украина. 7. Србија е посветена на зачувување на мирот во регионот, што е од клучно значење за економскиот развој на нашата земја. Зачувувањето на мирот е витален интерес на српскиот народ. 8. Србија ќе се води исклучиво од сопствените интереси кога ќе ја разгледа потребата од воведување санкции, вклучително и кон Русија. Србија ги почувствува санкциите и смета дека не е во нејзин интерес да воведе санкции за која било земја. 9. Поаѓајќи од принципот на нашата воена неутралност, неопходно е веднаш да се прекинат сите активности на Армијата и МВР со странските партнери. 10. Србија ќе ги преземе сите мерки за да ги зачува своите граѓани во Украина. 11. Нашите граѓани да се воздржат од мешање во конфликтите во Источна Европа. 12. Србија ќе обезбеди хуманитарна помош за народот на Украина. 13. Надлежните органи ги преземаат сите мерки за обезбедување енергија, гас, нафта, храна и неопходни прехранбени производи. 14. Србија ќе ги информира своите конзули за овие заклучоци“, потенцира тој.
Тој исто така рече дека Србија учествувала во многу војни и нагласи дека мирот е многу потребен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.