Регион
Вјоса Османи: Илегалните српски структури ги нападнаа косовската полиција, КФОР и новинарите
Илегалните српски структури претворени во криминални банди ја нападнаа косовската полиција, припадниците на КФОР и новинарите, изјави косовската претседателка Вјоса Османи во врска со настаните на северот на Косово.
Таа на својот Твитер напиша дека тие „неприфатливи акти на насилство“ треба да бидат осудени од сите.
Serb illegal structures turned into criminal gangs have attacked Kosovo police, KFOR officers & journalists.
These unacceptable acts of violence should be condemned by all. Those who carry out Vucic’s orders to destabilise the north of Kosovo, must face justice.
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) May 29, 2023
„Оние кои ги извршуваат наредбите на српскиот претседател Александар Вучиќ за да го дестабилизираат северот на Косово мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, напиша Османи на Твитер.
Во Звечан и Лепосавиќ од утринава забележително е зголемено присуството на силите на КФОР, кои се опремени за разбивање на демонстрациите. Во попладневните часови во Звечан дошло до судир меѓу силите на КФОР и насобраните граѓани, биле фрлени шок бомби и солзавец како и камења и шишиња. Повредени се повеќе од 53 лица, три се задржани во болница, едно лице е во животна опасност и има прострелни рани, изјави за Н1 Златан Елек, директор на Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца, од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче, чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и ‘рбетниот столб.
Таа била итно префрлена во КЦ „Ниш“ на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница, каде што во тек е понатамошна дијагностика, а другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.