Регион
Голема тага за смртта на Јаков: Бил претепан од пријател со кој пораснал
Огромна тага владее во Пожега и околината поради смртта на младиот војник Јаков Бочкај.
Тој бил брутално претепан ноќта од петокот кон саботата од неговиот пријател М.К. (20). Според медиумите, тие биле на заедничко ноќно излегување.
Се уште нема информации кои се причините поради кои М.К. дивјачки го нападнал пријателот Јаков со кој пораснал и играл фудбал. Но се знае дека го тепал додека Јаков не се онесвестил. Министерството за одбрана вчера соопшти дека нивниот припадник бил пронајден во бессознание околу 02:25 часот на главниот плоштад во Пожега.
Полицијата денеска ги соопшти деталите за тепањето. Тие изјавиле дека по кратка вербална расправија, 20-годишникот физички го нападнал 21-годишниот удирајќи го неколку пати во пределот на главата. „Од ударите 21-годишникот паднал на подот, а тој продолжил да го удира уште неколку пати и го напуштил местото на настанот. Повредениот 21-годишник бил пренесен во Општа жупаниска болница во Пожега, каде што почина во неделата на 16 април од здобиените повреди“, соопшти полицијата.
М.К. нешто по 14 часот е спроведен на распит во Жупаниското државно правобранителство во Славонски Брод. На распит бил донесен од двајца полициски службеници од итната помош, а рацете му биле врзани со лисици. Тој влегол во просториите на жупаниското државно правобранителство со качулка на главата.
Во меѓувреме од убиениот Јаков се простуваат пријатели, познаници, фудбалскиот клуб во кој настапувал, клубот од каде што стартувал..
„Нашиот пријател и соиграч Јаков Бочкај не напушти прерано утрово на 21 година. Тешко е да се поверува дека повеќе нема да го носиме дресот и копачките заедно, да играме со него и да се дружиме заедно. Јаков остави белег на теренот и во нашите срца беше добар пријател, играч, сожител, секогаш насмеан и поддржувач на сите играчи. Изразуваме искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите и даваме секаква можна поддршка. Почивај во мир Јаков!“ објави НК Еминовци на својата Фејсбук страница. Во тој клуб играше младиот војник. Под објавата бројни пријатели и мештани оставија пораки со сочувство до семејството.
Се огласи и клубот каде што стартуваше.
„Јаков, почивај во мир Божји. Голема трагедија и тага ја погоди Пожега. На 21-годишна возраст почина Јаков Бочкај, играч на Нк Еминовци и наш поранешен јуниор кој го носеше клупскиот дрес од 2015-2018 година.
„Бочо“ во петокот го одработи последниот тренинг со соиграчите и за жал не напушти засекогаш.
Искрено сочувство до семејството и пријателите“, соопшти НК Славонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.