Регион
По Вучевиќ, и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, поднесе оставка
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, поднесе оставка.
На денешната вонредна прес-конференција српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка.
„Почитувани граѓани, кога на крајот на април минатата година го добив мандатот од претседателот на Републиката, секако имав силно чувство на гордост, но, пред сè, се обидов да ја разберам одговорноста што ја носи оваа функција“, рече Вучевиќ.
„Себеси се гледав како дел од политиката на континуитет од првата влада на Александар Вучиќ до владата на Ана Брнабиќ. Се гордеам на она што го направивме како влада заедно со претседателот на Републиката во претходните девет месеци. Мислам дека постигнавме значајни резултати, пред сè, во областа на економијата“, додаде Вучевиќ.
Во Нови Сад, родниот град на Вучевиќ, чиј градоначалник беше тој, се случи голема трагедија на 1 ноември 2024 година кога се урна натстрешник на железничката станица, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
Трагедијата предизвика протести во целата земја, кои сега станаа масовни.
Студентите повеќе од два месеца ги блокираат факултетите во Србија барајќи одговорност за смртта на 15 лица, а институциите да почнат да работат според законот.
Само еден ден претходно, Вучевиќ беше на прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, кога ги покани студентите и професорите на дискусија за излез од актуелната криза во земјата.
На оваа прес-конференција Вучиќ најави голема реконструкција на владата велејќи дека очекува „да бидат сменети повеќе од 50 проценти од министрите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

