Регион
Градоначалникот на Петриња: Oва е борба за опстанок, постојано ни се отвораат нови проблеми
Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, за „Н1“ изјави каква е моментната состојба во хрватскиот град, кој беше силно погоден од вчерашниот разорен земјотрес од 6,2 степени по Рихтер.
„Инсталациите се уништени од силниот земјотрес. Во еден дел имаме електрична енергија, а во другиот немаме. Во еден дел имаме вода, во другиот немаме. Сакаме да ја пуштиме во употреба комуналната инфраструктура што е можно побргу. Очекувам вечерва или утре да биде пуштена во употреба. Мислам дека ќе навлеземе во нов проблем дека ќе мора многу повеќе да ги сервисираме луѓето со вода и други неопходни работи“, рече Думбовиќ.
„Она што го правиме денес – се обидуваме да ги затвориме сите дупки. Постојано наидуваме на нови проблеми, кои се огромни. Речиси сите покриви се уништени. Треба да видиме како да се погрижиме за уште неколку луѓе, како да им дадеме топол шатор“, додаде Думбовиќ.
Тој наведе дека потребни се 50 шатори и уште еднаш им се заблагодари на сите што помогнаа.
„Петриња и јас им благодариме на добрите луѓе, отворивме жиро-сметка“, рече тој и додаде дека сметките на граѓаните што се блокирани треба да се деблокираат бидејќи можеби некој од странство сака да им испрати пари.
„Ова е борба за опстанок“, додаде градоначалникот на Петриња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ: Бејби Лазања добива 50.000 евра од Хрватска
Бејби Лазања ќе добие 50.000 евра од Хрватска за одличниот пласман на Евровизија 2024 година.
Оваа вест ја соопшти техничкиот премиер, Андреј Пленковиќ.
„Искрени честитки до Марко Пуришиќ, чие уметничко име е Бејби Лазања, за неговиот фасцинантен успех на Евровизија, каде што освои најголем број гласови од публиката, а се најде на второто место во целина. Ова е најголемиот успех на независна Хрватска од настапот на групата ‘Рива’“, рече Пленковиќ на 306. седница на владата и додаде:
„Му благодариме на Загреб за прекрасниот пречек, како и на Умаг, тоа беа навистина прекрасни слики од успехот на еден млад човек и навистина му посакуваме многу, многу успех во неговата понатамошна работа“.
Регион
Несреќа во Хрватска: бегале од полицијата и се забиле во ѕид, четворица мртви, меѓу кои и едно дете
Тешка сообраќајна несреќа се случила во четвртокот околу 7 часот во местото Брнаже кај Сињ. Четири лица загинаа при излетување на патничко возило од коловозот, кое потоа удрило во ѕид. Останатите лица кои се наоѓале во возилото, кое било со камп приколка, се пренесени во болница.
„Според првите информации загинатите најверојатно се мигранти“, информираат од сплитско-далматинската полиција.
Сообраќајната несреќа се случила по полициска потера од Триљ до Брназ, каде патнички автомобил со унгарска регистрација поради пребрзо возење удрил во ѕид од семејна куќа, пишува Dalmacija news.
Загинаа дури четири лица.
Регион
САД: Додик е безбедносна закана
Соединетите Американски Држави го сметаат лидерот на босанските Срби Милорад Додик за закана за безбедноста, а спремни се да реагираат на секое загрозување на опстанокот на Босна и Херцеговина како држава, изјави американскиот амбасадор во Сараево Мајкл Марфи.
Марфи потсети на изјавата на Додик дека „не сака да дише ист воздух со Бошњаците“, оценувајќи дека тоа би требало да го загрижи секого, вклучувајќи ја меѓународната заедница.
Објасни дека САД нема мирно да го гледаат ризикот од избивање нов конфликт на тлото на БиХ и затоа силно го поддржуваат продолжувањето на воената мисија на ЕУ, но и решителноста на НАТО да не дозволи „безбедносен вакум во земјата“.
„Нашата политика е цврста и јасна и таква е во последните 30 години. Ги поддржуваме територијалниот интегритет, суверенитетот и мултиетничкиот карактер на БиХ, тоа е наш интерес и ќе го браниме“, кажа американскиот амбасадор за внатрешните прашања на БиХ.