Регион
Грлиќ Радман: Воените злосторства во Украина треба да се истражат и одговорните да бидат казнети

Хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман, изјави во Луксембург дека е неопходно да се спроведат соодветни истраги за руските воени злосторства во Украина и да се осигури дека одговорните ќе ги сносат последиците.
„Потребни се соодветни истраги за воени злосторства и одговорните мора да бидат повикани на одговорност“, рече Грлиќ Радман по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.
Пред почетокот на Советот за надворешни работи министрите имаа работен појадок со главниот обвинител на МКТЈ, Карим А. А. Кан, а украинската обвинителка Ирина Венедиктова учествуваше на состанокот преку видеоврска.
Грлиќ Радман рече дека на средбата ќе зборува за важноста на Западен Балкан и стабилноста во областа.
Неколку министри од земјите членки го поддржаа зајакнувањето на санкциите против Русија. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, кој неодамна ги посети Киев и Буча со претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лаен, рече дека новите санкции се секогаш на маса.
Ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Ковени рече дека Комисијата работи на детали во врска со забраната за увоз на нафта од Русија според можниот шести пакет-санкции, но дека сè уште ништо не е одлучено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.