Регион
Дачиќ: Да паднат маските и да се види дали има бриселски договор или не
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за РТС изјави дека маските треба да паднат и да се види дали бриселскиот договор постои или не.
„Ако САД и ЕУ не можат да излезат на крај со Курти, тогаш тоа е или нивна немоќ или нивна премолчена согласност“, посочи Дачиќ.
Министерот за надворешни работи рече дека Бриселскиот договор го потпишал додека бил премиер.
„Треба да видиме, по девет години одбивање да се формира Заедницата на српските општини, дали некој размислува да го спроведе Бриселскиот договор, бидејќи затоа го потпишавме“, вели Дачиќ во Дневникот на РТС.
Според него, „Србија не е страна во конфликтот, Србија се бори за заштита на Бриселскиот договор“.
На прашањето дали Западот ќе може да изврши притисок врз Приштина, шефот на српската дипломатија вели дека не знае дали можат да извршат притисок врз Приштина, но дека никој во Србија не верува дека не можат.
Министерот за надворешни работи ѝ порача на Европската Унија дека и нивна обврска е формирањето на ЗСО.
„Јас ѝ велам на ЕУ дека и нивна е обврска да формираат ЗСО, не само на Курти. Кетрин Ештон го потпиша, ако не е така, тогаш и мене ме излажавте“, истакна Дачиќ.
Коментирајќи го излегувањето на Србите од косовските институции, Дачиќ рече дека ова е историска одлука и дека ја поддржува.
„Не треба да се оправдуваме дали тоа е донесено во договор со Белград или не. Цел свет може да носи одлуки за Косово, но Белград не. Ова е одлука на Србите од Косово “, вели шефот на српската дипломатија.
Тој истакна дека е неопходно да се почитува Резолуцијата 1244.
„Велат Украина, Шпанија… имаат права на целата територија, само Србија ги нема тие права. Ако немате објаснување, не иритирајте го српскиот народ. За да се вратат Србите во институциите знаеме што треба да направат Приштина и ЕУ“, рече Дачиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Изгласана новата влада на Хрватска: Пленковиќ по трет пат стана премиер
Пратениците во хрватскиот Сабор вечерва гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ. За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Претседателот и членовите на Владата потоа дадоа заклетва пред пратениците, со што Андреј Пленковиќ го започна третиот последователен мандат како премиер.
Во Собранието денеска беше претставена четиригодишната програма на новата Влада, која се заснова на „успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска“.
Во новиот мандат, владата на Пленковиќ најавува просечна нето плата од 1.600 евра, минимална бруто плата од 1.250 евра, како и отворање на 125.000 нови работни места.
До крајот на мандатот на новата влада, пензиите треба да се зголемат за најмалку 30 отсто, со што просечната пензија би изнесувала најмалку 750 евра.
Новата влада наместо досегашните 16 ќе има 18 министерства и седум потпретседатели.
Регион
Дачиќ и Весиќ: Човечки фактор е причина за судирот на возовите
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека причина за судирот на возовите во тунелот, во кој нема жртви, е човечки фактор, а министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека се повредени 13 патници, од кои четворица се однесена во ургентен центар.
– Возот помина низ безбедносното светло и удри во товарен воз кој чекаше дозвола да оди до станицата Овча – изјави Весиќ.
Дачиќ за новинарите изјави дека често има жртви во несреќи како оваа и дека е вистинска среќа што во денешниот судир нема жртви и што сите патници излегле од возот.
„Најважно е да нема жртви“, изјави Дачиќ за новинарите.
Началникот на Секторот за вонредни состојби на МВР, Лука Чаушиќ, кој излезе на местото на настанот заедно со министрите Дачиќ, Весиќ и директорката на претпријатието „Инфраструктура железнице Србија“ Јелена Танасковиќ, изјави дека во 18 часот и 42 минути добиена е дојава за судирот, по што на терен излегле вкупно 25 пожарникари.
– Пристигнувајќи на местото на настанот во 18 часот и 48 минути, констатирано е дека возот за итни случаи се судрил со патнички воз во тунелот на длабочина од 400 метри од влезот – изјави Чаушиќ.
Тој додаде дека четири лица биле извлечени низ тунелот за евакуација. Дачиќ рече дека најважна улога имаат пожарникарите, бидејќи лекарите од итната помош не можеле да дојдат до патниците.
Министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека деталите за несреќата ќе се знаат кога Комисијата „Железничка инфраструктура на Србија“ ќе објави официјален извештај, кој се очекува во текот на утрешниот ден.
Регион
Дачиќ: Припадниците на полицијата евакуираа девет лица од возовите
Веднаш по добиената дојава дека во тунел дошло до судир меѓу патнички и товарен воз, на местото на настанот пристигнале бројни полициски сили и 25 пожарникари-спасувачи со седум возила, со оглед дека екипите на итната медицинска помош нене можеле да се приближат до местото на судирот, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Пожарникарите-спасувачи успеале, како што додаде, да стигнат до местото и евакуирале девет повредени лица и ги предале на екипите на итната помош за понатамошно лекување.
„Припадниците на српската полиција се уште се на терен и ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност“, изјави Дачиќ.