Регион
Дачиќ и Помпео разговарале за односите меѓу Белград и Приштина

На инаугурацијата на бразилскиот претседател Жаиро Болсонара, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ се сретна со американскиот државен секретар, Мајк Помпео.
Во кусиот разговор, Дачиќ го запознал Помпео со моменталната состојба во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Дачиќ го поканил Помпео да го посети Белград, пренесе РТС.
Првиот потпретседател на српската влада се сретна и со новиот министер за надворешни работи на Бразил, Ернесто Арауж, кој исто така се информирал за ставовите на Србија во врска со Косово и Метохија и за актуелната фаза од дијалогот меѓу Белград и Приштина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија бара одговор: Три месеци чекаме РСМ да одлучи дали ќе работиме или само ќе разговараме за Коридорот 8

До денес, Коридорот 8 зависи од желбата и политичката волја на Република Северна Македонија. Испративме договор таму за единственото нешто што ни е заедничко – тоа е тунелот, кој е веднаш до границата.
Овој тунел е на некој начин „преполовен“ од самата граница на два речиси еднакви дела – половина е на територијата на РСМ, другата половина е на бугарска територија.
Ова го изјави бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт, Гроздан Караџов за БТВ.
„Веќе склучивме договор со РСМ дека ќе управуваме заеднички. Договорот е склучен одамна. Новиот договор сега е готов и е испратен до РСМ, но се чека нивното одобрување на текстот. Сепак, овој нов договор чека на одобрување веќе три месеци. Затоа денес ги собравме сите дипломати кои се претставници на земјите од ЕУ и НАТО – бидејќи ова е коридор долж НАТО, почнува од Италија и поминува низ Албанија, Северна Македонија и Бугарија, и стигнува до брегот на Црното МореЕ“, објасни Караџов, пишуваат бугарските медиуми.
„Ако дојдат да го потпишат договорот, или ако ние одиме во РСМ да го потпишеме, ќе има Коридор 8. Денес ги замоливме амбасадорите да извршат притисок и да разјаснат дали РСМ ќе го потпише новиот договор, за да биде јасно дали ќе работиме на Коридор број 8, или само ќе разговараме, додаде бугарскиот вицепремиер.
Регион
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Луксембург за Украина и за Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург разговараат за ситуацијата на Западен Балкан, Украина и за Блискиот Исток.
За време на работниот ручек, министрите ќе разговараат за прашањата за регионалната стабилност и безбедност на Западен Балкан.
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, во неделата вечерта зборуваше за време на работната вечера со министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан. Таа на денешната средба ќе извести за минатонеделната посета на Црна Гора, Албанија и Босна и на Херцеговина.
Во Сараево таа го осуди раководството на босанските Срби за обид за поткопување на територијалниот интегритет и уставниот поредок во земјата. Министрите ќе разговараат за тензичната политичка ситуација во Србија, каде што се одржуваат масовни протести по падот на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад во ноември минатата година.
Што се однесува до Украина, неколку земји членки сакаат да ја забрзаат работата на 17-тиот пакет-санкции против Русија, кој би вклучувал ембарго за увоз на течен гас.
Состанокот се одржува еден ден откако Русија го погоди центарот на северниот украински град Суми со две балистички проектили, при што загинаа најмалку 34 лица.
На маргините на министерскиот состанок ќе се одржи меѓувладина конференција за пристапување со Албанија, на која земјата ќе ги отвори преговорите во кластерот 2, кој опфаќа повеќе поглавја поврзани со внатрешниот пазар.
Вечерва, во Луксембург, ќе се одржи првиот политички дијалог на високо ниво меѓу ЕУ и палестинската управа. Двете страни ќе разговараат за ситуацијата во Газа и во Западниот Брег, билатералните односи и можниот напредок кон решение со две држави. ЕУ подготвува голем пакет економска помош за палестинските власти.
Со состанокот ќе претседаваат високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, и палестинскиот премиер и министер за надворешни работи, Мохамад Мустафа. Комисијата ќе ја претставуваат комесарката за Медитеранот, Дубравка Шуица, и комесарата за подготвеност и управување со кризи, Хаџа Лахбиб.
Комесарката за Медитеранот, Дубравка Шуица, најави дека ЕУ ќе ја зголеми финансиската поддршка за палестинската управа во износ од 1,6 милијарда евра.
Регион
Oбјавени имињата на министрите во новата српска влада

До претставниците на Собранието на Србија е поднесен предлог за избор на новата влада на Србија, а меѓу другите, како нови имиња се споменуваат Дејан Вук Станковиќ за министер за образование, Ненад Вуиќ за министер за правда и Драган Гламочиќ за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, најави дека почетокот на седницата на Собранието на Србија, на која ќе се расправа за новата влада, ќе биде закажан за утре.
За премиер на владата на Србија беше предложен професорот Ѓуро Мачут.
Исто така предложени се:
Синиша Мали за прв вицепремиер и министер за финансии;
Ивица Дачиќ за вицепремиер и министер за внатрешни работи;
Адријана Месаровиќ за вицепремиер и министер за економија;
Драган Гламочиќ за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство;
Сара Павков за министер за заштита на животната средина;
Александра Софрониевиќ за министер за градежништво, транспорт и инфраструктура;
Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ за министер за рударство и енергетика;
Јагода Лазаревиќ за за министер за внатрешна и надворешна трговија;
Ненад Вуиќ за министер за правда;
Снежана Пауновиќ за министер за државна администрација и локална самоуправа;
Демо Бериша за министер за човекови и малцински права и социјален дијалог;
Братислав Гашиќ за министер за одбрана;
Марко Ѓуриќ за министер за надворешни работи;
Немања Старовиќ за министер за евроинтеграции;
Дејан Вук Станковиќ за министер за образование;
Златибор Лончар за министер за здравство;
Милица Ѓурѓевиќ-Стаменковски за министер за труд, вработување, бранители и социјална заштита;
Јелена Жариќ-Ковачевиќ за министер за благосостојба на семејството и демографија;
Зоран Гаиќ за министер за спорт;
Никола Селаковиќ за министер за култура;
Милан Кркобабиќ за министер за грижа на селото;
Бела Балинт за министер за наука, технолошки развој и иновации;
Хусеин Мемиќ за министер за туризам и млади;
Борис Братина за министер за информации и телекомуникации;
Дарко Глишиќ за министер за јавни инвестиции;
Новица Тончев за министер без ресор;
Ѓорѓе Милиќевиќ за министер без ресор;
Усаме Зукорлиќ за министер без ресор;
Ненад Поповиќ за за министер без ресор;
Татјана Мацура за за министер без ресор.
Се очекува седницата на Собранието да привлече големо внимание во јавноста со оглед на значајните промени во составот на владата и потенцијалните насоки на новата извршна власт, пишуваат српските медиуми.