Регион
Дачиќ: Формирањето војска на Косово води кон загрозување на безбедноста
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, порача дека Србија се противи на формирањето на војска на Косово укажувајќи дека тоа води кон загрозување на стабилноста и безбедноста во Косово.
„Тоа е спротивно со актуелниот меѓународен правен протекторат и Резолуцијата 1244, што го гледа КФОР како единствен облик на вооружено присуство“, изјави Дачиќ и запраша за што би служеле силите покрај КФОР, освен за евентуални немири.
„Видовте дека НАТО и САД, без оглед што некои од нив имаат симпатии кон косовската независност, не го поддржуваат овој начин на формирање војска и мислат дека тоа треба да се направи со уставни промени, а е невозможно без согласност од Српската листа“, укажа Дачиќ.
Додаде дека во текот на годините сите говореле оти треба да се пронајде решение за проблемот со Косово, а кога почнал дијалогот за изнаоѓање трајно решение, сите се трудат да го опструираат.
„Како да очекуваа дека процесот ќе се заврши со признавање на Косово од српска страна“, рече Дачиќ и оцени дека од разни земји слушал оти Србија може да добие само заедница на српските општини на северот, а бидејќи власта е стабилна, може да им го продава тоа на своите граѓани.
„Им порачувам да не зборуваат глупости, од тоа нема ништо. Ако не сакаат решение во кое Србија ќе добие нешто, ако не сакаат компромис, тогаш тоа ќе остане нерешено прашање“, оцени Дачиќ.
Тој изрази увереност дека ќе се намалува бројот на земји што го признаваат Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

