Регион
Ден на жалост во БиХ: бројот на жртвите во поплавите се зголемува, спасувачите и денеска се на терен
Денеска е ден на жалост на целата територија на Босна и Херцеговина поради катастрофалните поплави и одрони што зафатија делови од земјата. Во БиХ сè уште има жртви од поплавите и тој број постојано расте. Спасувачите и денеска се на терен, пренесуваат локални медиуми.
Состојбата со поплави и одрони во погодените подрачја сè уште е исклучително тешка, а операциите за пребарување и чистење на насобраниот насип и материјал продолжија и денеска.
Водата и одроните уништија десетици куќи и оштетија инфраструктура.
Градоначалникот на Јабланица, Дамир Шабановиќ, деновите од неделата до вторникот ги прогласи за денови на жалост по повод трагичната смрт на неколку граѓани во несреќата што го зафати подрачјето на Јабланица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Момчето убиец пристигна во судот во Белград: се очекува негово сослушување, шокантни сцени пред и во објектот
Малолетниот убиец од белградското основно училиште, кој на 3 мај минатата година уби десет ученици и обезбедувач, првпат по масакрот дојде во Специјалниот суд во Белград пред кој има вооружени полицајци, пишува „Блиц.рс“.
Момчето ќе биде специјален сведок на судењето на своите родители.
Како што јавија репортерите на „Блиц“ од местото на настанот, момчето убиец со возило на брзаѕта помош било донесено на задниот влез на Специјалниот суд. Возилото било придружувано од два полициски џипа што ротирале.
Пред Специјалниот суд има вооружени полицајци со пушки, кои ги обезбедуваат и судот и судењето.
Исто така, има и неколку полициски возила.
„Денеска, се очекува сослушувањето на малолетниот убиец. Тој има право да одбие да сведочи имајќи предвид дека веќе е сослушан. Ова е прва можност семејствата на убиените да поставуваат прашања што ги мачат веќе една година“, им рече адвокатот Огњен Божовиќ на новинарите.
Како што јавуваат новинарите на „Блиц“ од местото на настанот, шокантни се сцените пред и во судот. Секој час пристигнуваат родителите на убиените деца. Во судот влегуваат потиштени, со наведнати глави.
Регион
По трагедијата во „Рибникар“: момчето убиец првпат во суд и по подолго време пред родителите, местото преполно со полиција
Момчето убиец од Основното училиште „Владислав Рибникар“ утрово е донесено од болницата, каде што е сместено во зградата на Специјалниот суд, каде што денеска треба да биде сослушано во кривичната постапка против неговите родители.
Момчето убиец со возило на брзата помош било донесено на задниот влез на Специјалниот суд. Возилото било придружувано од два полициски џипа со ротации, пренесуваат тамошните медиуми.
Според написите, пред Специјалниот суд има вооружени полицајци со пушки, кои ги обезбедуваат и судот и судењето. Има и неколку полициски возила.
Српските медиуми потсетуваат дека момчето убиец, кое го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ на 3 мај минатата година, првпат ќе се сретне лице в лице со семејствата на неговите жртви, како и со неговите родители, откога уби невини деца и училиштен чувар, а од поведувањето на обвинението му беше забрането да комуницира.
Регион
(Видео) Протест во Албанија, луѓето фрлаа „молотови коктели“, полицијата солзавец
Вчера илјадници демонстранти излегоа на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, за да протестираат против владата. Демонстрантите го повикаа долгогодишниот левичарски премиер Еди Рама да поднесе оставка, јавува Ројтерс.
„Долу диктатурата“ извикуваа. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. На протестите, организирани од десничарската опозиција, се бара замена на владејачката влада со привремена влада пред парламентарните избори следната година.
#Albania #Tirana pic.twitter.com/ST9gbFNcbn
— Mili Xhani (@milixhani) October 7, 2024
Повеќе од 1.000 полицајци беа распоредени во Тирана пред протестот. Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз неколку владини згради, палејќи ги плакатите на премиерот. Полицијата соопшти дека десет полицајци се повредени.
Локалните медиуми јавија дека некои се пренесени во болница. Полицијата ја засили употребата на солзавец додека демонстрантите се приближија до зградата на парламентот. Протестот уследи по повеќегодишните обвинувања за корупција против социјалистичкиот премиер Рама, главно од конзервативната опозиција.
Riots have broken out in Albania as protesters clash with state police, throwing Molotov cocktails at the Socialist Party headquarters in Tirana, which has been set ablaze. Tensions are rising amid increasing unrest. pic.twitter.com/KbhkEM5lrQ
— Diana Mjeshtri (@diana_mjeshtri) October 7, 2024
„Рама треба да се повлече, да поднесе оставка и да оди во затвор до крајот на животот“, изјави еден од демонстрантите за новинската агенција Ројтерс.
Рама е на функцијата од 2013 година и победи на три последователни избори.