Регион
Додик патува за Москва, објавено за што ќе зборува со Путин

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, ќе ја посети Москва, каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Како што е најавено, тој со Путин ќе разговара за цената на гасот и новиот гасовод, изјави руски претставник за новинската агенција РИА.
Планираната посета, за која РИА вели дека би можела да се одржи утре, веќе наиде на остри критики од ЕУ, која протестираше против патувањето во Москва на официјални лица од земја-кандидат за време на конфликтот во Украина.
„На состанокот ќе се разговара и за цената на гасот. Можам да кажам дека веројатно ќе биде одобрена најдобрата цена – за пријателските земји“, изјави Душко Перовиќ, шеф на претставништвото на Република Српска во Русија, пренесува РИА.
Етнички поделената Босна и Херцеговина нема единствен став за надворешната политика, а Додик одржува блиски односи со Русија и со претседателот Путин.
Официјалниот претставник исто така рече дека босанската влада се согласила да започне преговори со Србија за изградба на нов гасовод за транспорт на гас од Русија. Босна добива руски гас преку Србија и Бугарија од подморскиот гасовод Турски тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.