Регион
Мапа на Косово повикува на одвојување (дрегзит) две општини

На социјалните мрежи кружи монтирана фотографија, која алудира на тоа дека Дреничката Долина ќе се отцепи од Косово исто како што Велика Британија излезе од ЕУ, пренесува „Спутник“.
На фотографијата преземена од mitrovicasot.net е прикажана карта на Косово, но на местото на Дреница, односно општините Глоговац и Србица, што ја сочинуваат Дреничката Долина, оставена е дупка во картата.
Под картата напишан е хаштагот дрегзит, кој алудира на излегувањето на Велика Британија од ЕУ (брегзит), но нема објаснување дали станува збор за тоа дека овој крај по изборот на Албин Курти за премиер, ќе се обиде да се отцепи од Косово.
Имено, Курти и неговото движење Самоопределување се многу непопуларни во Дреница. Колкав е анимозитетот на овие жители кон Курти говори и тоа што пратениците на опозицијата на седницата на која Курти беше избран за премиер забележале дека во новата влада нема ниту еден дреничанец. Во овие две општини на власт се Рамиз Љадровци од ПДК на Кадри Весељи и независниот градоначалник Беким Јашари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.