Регион
Ердоган блиску до добивање на уште поголеми овластувања во Турција
Турската парламентарна комисија во петокот одобри сет амандмани на Уставот со кои се предвидува проширување на овластувањата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесува АР.
Комисијата ги одобрила амандманите на седница која траела 17 часа, а со измените се предвидува дека претседателот, кој сега воглавно има церемонијална улога, ќе добие извршни овластувања, пренесуваат агенциите. Парламентот по измените најверојатно ќе се изјасни веќе следниот месец, а на пролет можно е и одржување на референдум.
Доколку амандманите бидат потврдени, на Ердоган најверојатно ќе му биде продолжен и мандатот. Уставната реформа во Турција ќе донесе структурни промени во безбедноста и правосудството, а предвидено е и воведување на кривична одговорност за претседателот, кој претходно имаше имунитет од сите кривични дела. Со измената Ердоган би можел да остане на власт до 2029-та година.
Кон почетокот на декември, турскиот вицепремиер Нуретин Џаникли рече дека Турција планира следната година во март да одржи референдум за уставните измени, потсетува АР. За секоја уставна измена потребна е поддршка од најмалку 330 пратеници, за таа да се најде и на референдум. Турскиот парламент има 550 пратеници, а владејачката партија во моментов има 316 пратеници./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

