Регион
Ердоган го откажа учеството на климатскиот самит, тврди дека Британија не му осигурала безбедност
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ги откажа плановите за учество на климатската конференција COP26, откако Британија не ги исполни турските барања за безбедносните аранжмани, изјавија во понеделникот двајца турски претставници за „Ројтерс“.
Ердоган се врати во Турција од самитот на Г-20 во Рим наместо да патува на климатскиот самит во Глазгов, јави државната агенција „Анадолија“. Турското претседателство не ги наведе причините за неговото непланирано враќање.
Официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека има проблеми со протоколот околу планираното присуство на претседателот на состанокот. Друг турски функционер, пак, рече дека британските власти не ги исполниле протоколите и безбедносните барања на Турција.
„Претседателот ја донесе таа одлука бидејќи нашите барања во врска со бројот на возила и некои други безбедносни барања не се целосно исполнети“, изјави висок функционер за „Ројтерс“.
Претходно се очекуваше Ердоган да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, но тие се сретнаа во Рим во неделата.
Минатиот месец турскиот парламент го ратификуваше Парискиот договор за климата, со што стана последната земја од Г-20 што го сторила тоа.
Турција со години ја одложува ратификацијата, нагласувајќи дека не треба да се смета за развиена земја.
Ердоган минатата недела рече дека Турција потпишала меморандум за разбирање според кој ќе добие заеми од 3,2 милијарди долари за да и помогне да ги исполни целите за чиста енергија поставени со Парискиот договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

