Регион
Ердоган почна пресметка со терористите: уапсени над 90 луѓе, антитерористички операции во 18 провинции

Турските безбедносни сили уапсија 90 лица под сомнение за вмешаност во активностите на Курдистанската работничка партија (ПКК).
Таа партија е прогласена за терористичка организација во Турција. Како што пренесуваат турските медиуми, антитерористички операции биле извршени во 18 турски провинции.
Новинската страница „АНФ њуз“, блиска до милитантната група Курдистанска работничка партија, во петокот објави дека група наречена „Баталјонот на бесмртните“ извршила бомбашки напад во турскиот главен град Анкара.
Двајца терористи извршија бомбашки напад пред зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара, при што двајца полицајци се полесно повредени, пренесе „Ројтерс“.
Еден напаѓач се разнел, а другиот бил убиен од полицијата, соопштија локалните власти.
При престрелката двајца полицајци биле полесно ранети. Како што јави ТВ-каналот „А Хабер“, одговорноста за обидот за терористички напад ја презеде Работничката партија на Курдистан.
По овие настани, турското Министерство за одбрана извести дека Турција извршила воздушни напади во северниот дел на Ирак и уништила 20 цели на забранетата курдска група ПКК.
Турската војска ги засили воздушните напади врз северните ирачки бази на ПКК во Гара, Хакурк, Метина и во Кандил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Продолжен притворот за 10 осомничени за уривање на настрешницата во Србија

Високиот суд во Нови Сад го продолжи притворот на осомничените во истрагата за уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември за уште 30 дена, соопштија од Вишиот суд во Нови Сад.
Продолжен е и куќниот притвор на сите осомничени.
На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.
Регион
Деканката на филозофскиот факултет од Ниш нападната со нож, вечерва собир за поддршка

Вечерва во Ниш се случува собир за поддршка на нападнатата деканка Наталија Јовановиќ.
Студентите велат дека ова е втор напад врз деканката Наталија Јовановиќ, но и уште еден во низата напади врз оние кои сакаат на фер начин да дојдат до вистината.
„Никогаш не сме молчеле за насилството, ниту ќе поминеме со наведнати глави покрај него. Ги повикуваме сите граѓани кои се желни за правда да ни се придружат на овој митинг“, се вели во повикот.
Деканката на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Наталија Јовановиќ денеска беше повредена со нож за време на собир на студенти и други граѓани.
Таа беше пренесена во Ургентниот со исеченица на раката, а потоа пуштена на домашно лекување.
„Доживеав голем стрес, останува само да се распарчиме. Нема потреба вака да продолжат тензиите, а знаеме кој ги шири, обвинувам една личност, таа ми извади нож, а тоа е претседателот на оваа држава“, изјави Јовановиќ, пренесе Н1.
За нападот уапсена е 69 годишна жена, поради сомнение дека сторила кривично дело насилничко однесување на спортски настан или јавен собир.
Регион
Осомничена за убиство на мајка си била кандидат на последните избори во Хрватска

Полицијата ја сомничи Милена Крамер (62), членка на Работничкиот фронт и поранешна членка на Социјалдемократската партија, за убиство на сопствената мајка во Загреб.
Лицето осомничено од полицијата дека во саботата ја задавила сопствената мајка во Врбани, е член на политичката партија Работнички фронт и кандидат на таа партија на последните парламентарни избори. Претходно, таа била долгогодишен член на СДП и член на претседателството на Месниот комитет во Чрномерец.
Крамер е наставничка во едно од загрепските основни училишта, а на последните избори за хрватскиот Сабор беше на 6. место на листата на Работнички фронт за избор на пратеници во 1. изборна единица, но како и целата партија не го помина изборниот праг.
„Јас сум во шок. Не ми се верува“ рече Катарина Пеовиќ, првиот човек на Работничкиот фронт.
Полицијата во саботата попладнето соопшти дека во Заагреб, 62 годишна жена ја усмртила 84 годишната мајка.