Контакт

Регион

Ердоган: Операцијата во северен Ирак и во Сирија не е ограничена само на воздушна кампања

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган даде одредени сигнали за можна копнена операција во северен Ирак и во северна Сирија со цел елиминирање на терористичката закана, јави агенцијата „Анадолија“.

dobivaj vesti na viber

„Како што рековме претходно, ако некој ја вознемири нашата држава и територија, ќе го натераме да ја плати цената. Значи, постојат терористички организации на нашиот југ, кои планираат многу напади или кои вршат такви напади и претставуваат закана за Турција“, изјави Ердоган за новинарите во претседателскиот авион, со кој се враќаше од своето патување во Катар.

Тој го изјави ова откога Турција рано завчера ја почна операцијата „Канџа-меч“, прекугранична воздушна кампања против терористичката организација ЈПГ/ПКК, која има засолништа преку ирачката и сириската граница, каде што планираат напади на турска територија.

„Ова не е ограничено само на воздушна операција“, нагласи Ердоган додавајќи дека „релевантните единици ќе преземат соодветни чекори“.

Турската воздушна операција следуваше по терористичкиот напад минатата недела на преполната улица Истиклал во Истанбул, во кој загинаа најмалку шест лица, а 81 беа повредени.

Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека операцијата е спроведена во согласност со правото на самоодбрана според член 51 од Повелбата на Обединетите нации (ОН).

Ердоган истакна дека речиси 70 авиони, вклучително и вооружени беспилотни летала, учествувале во операцијата и додаде дека се уништени вкупно 89 позиции на терористите, вклучувајќи засолништа, бункери, пештери, тунели и складишта за муниција.

„До овој момент гаѓани се 45 позиции на терористите на длабочина од приближно 140 километри на територијата на северен Ирак и 44 цели на длабочина од 20-ина километри во Сирија“, додаде тој.

На прашањето дали Турција разговарала за оваа операција со Русија и САД, Ердоган рече: „Не сме имале никакви разговори со американскиот претседател Џо Бајден или рускиот претседател Владимир Путин во врска со оваа операција. Сепак, и Бајден и Путин веќе знаат дека можеме да реализираме такви работи во овој регион во секое време“.

„Турција е со САД во НАТО“, рече Ердоган нагласувајќи дека Вашингтон, за жал, има испратено илјадници парчиња опрема, муниција и оружје во зоните на терористите во Сирија, пренесе „Анадолија“.

Регион

Авион принудно слета на аеродромот во Мостар, нема повредени

Објавено пред

Мостарскиот аеродром вчера соопшти дека имало принудно слетување на помал авион при што нема повредени.

dobivaj vesti na viber

„Денеска аеродромот во Мостар ја докажа својата подготвеност со брза и ефикасна реакција на принудното слетување на помал авион откако пилотот пријавил дефект на опремата за слетување“, соопштија од аеродромот.

Откако контролната кула го објави принудното слетување, сите служби предводени од спасувачката и противпожарната служба на мостарскиот аеродром реагираа навремено и адекватно.

„Авионот успешно слета и сите патници не се повредени, а тие му се заблагодарија на персоналот на аеродромот во Мостар за брзата и соодветна помош. Би сакале да им се заблагодариме на сите вклучени служби за одличната координација и успешно спроведената акција“, додаваат од аеродромот.

Сообраќајот на аеродромот се одвива непречено.

Прикажи повеќе...

Регион

Маж во Тузла ги убил сопругата и двете деца

Објавено пред

М.Ч. синоќа во Тузла ги убил сопругата и двете малолетни деца, а потоа си го одзел животот скокајќи од 14 кат од зграда.

dobivaj vesti na viber

Маж се самоуби синоќа околу 21 часот и 15 минути, а денеска полицијата во станот го пронашла телото на неговата 34-годишна сопруга и децата на возраст од две и девет години.

Според неофицијалните информации кои ги објавија сараевските медиуми, мажот работел како медицински техничар во Германија, а во Тузла пристигнал пред неколку дена.

Истражните екипи денеска пронајдоа секира во станот во населбата Ступине во Тузла, со која наводно ги убил сопругата и децата.

Портпаролот на обвинителството во Тузла, Адмир Арнаутовиќ изјави дека ќе бидат издадени наредби за обдукција на телата на загинатите за да се утврдат точните причини за смртта.

Ќе биде издадена наредба за биолошко вештачење, ДНК анализа, како и други истражни дејствија и вештачења, со цел да се утврдат сите околности поврзани со овој настан, вклучително и начинот и начинот на трите убиства“, рече Арнаутовиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ изрази сочувство за смртта на Раиси

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство до народот и владата на Иран во врска со смртта на претседателот на таа земја, Ебрахим Раиси.

dobivaj vesti na viber

„Изразувам сочувство до народот и владата на Исламската Република Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси, искрен и доследен пријател на Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на мрежата Х.

Хеликоптерот со Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет48 минути

Најмоќната серија земјотреси во последните 40 години: Јужна Италија за пет часа регистрираше 150 потреси

Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчера вечерта и утринава на полињата Флегра во близина на...

Свет50 минути

(Видео) Иранците во поворка: Почна погребот на Ебрахам Раиси

Иранците се собраа на погребната поворка на претседателот, Ебрахим Раиси кој загина во хеликоптерска несреќа, во северозападниот град Табриз, главниот...

Свет2 часа

Во Иран е започната истрага за падот на хеликоптерот на претседателот Ебрахим Раиси, погребот на жртвите ќе се одржи денеска

Началникот на Генералштабот на иранската армија, генерал-мајор Мохамад Багери, назначи делегација која ќе го истражува случајот со хеликоптерската несреќа во...

Свет2 часа

Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во регионот на Белгород

Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на Вооружените сили на Украина врз автомобил во...

Свет2 часа

Најмалку 10 лица се повредени во удар на гром во Дрезден

Најмалку десет лица се повредени, од кои четворица потешко, во удар на гром за време на краткото, но силно невреме...

Свет2 часа

Во Полска се уапсени девет лица за акти на саботажа во име на Русија

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за услугите на Русија. „Во...

Македонија15 часа

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп. „Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од...

Свет16 часа

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската...

Топ20 часа

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија20 часа

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...

Економија21 час

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија22 часа

Данела Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

За Денот на пожарникарите, 20 Мај, Бригадата за противпожарна бригада на Скопје доби уште едно ветување за поголема плата и...

Македонија22 часа

Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб-страницата

„Владата на Република Северна Македонија нема испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај, кој се...

Топ22 часа

Загина кумановец, возилото во кое се превезувал излетало од патот

Вчера околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на с.Агино Село, кумановско,...

Македонија22 часа

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до преспанскиот договор

Портпаролот на Европската комисија изјави за „Еурактив“ дека договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година мора...

Македонија24 часа

Одземени дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа...

Свет1 ден

Путин му изрази сочувство на Иран: „Раиси ѝ беше вистински пријател на Русија“

Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, опишувајќи го Раиси како вистински пријател на...

Свет1 ден

(Видео) Новинар известува покрај остатоците од хеликоптерот во кој загина претседателот на Иран, багажот на патниците е расфрлан наоколу

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа, која се урна во неделата на северозападот на земјата, а спасувачките...

Свет1 ден

Реакции на светските лидери за смртта на иранскиот претседател

Лидерите ширум Блискиот Исток и пошироко го изразуваат своето сочувство откако иранскиот претседател Ебрахим Раиси и уште осум лица загинаа...

Свет1 ден

Новиот претседател на Тајван ѝ порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те денеска побара од Кина да ги прекине своите воени и политички закани, велејќи во својот...