Регион
Жена е можно да застане на чело на Албанија
Социјалистичката партија на Албанија, која има мнозинство во парламентот, формираше работна група за номинирање на претседателски кандидат. Меѓу имињата кои доминираат има најмногу жени, пренесува „Сот њуз“.
Мандатот на Илир Мета завршува на 24 јули, а, како што велат, Еди Рама е премиерот кој им дал повеќе простор на жените во политиката од која било претходна влада. На листата на потенцијални претседателски кандидати на масата на Рама се само жени.
Кандидати за претседател се Мајлинда Брегу, Валентина Љескај, Мими Кодељи, Ермељинда Мекси, Ина Рама, Љуљета Божо, Миљва Икономи, Бесијана Кадаре и Ауреља Анастаси. Мејлинда Брегу е единствената албанска десничарска политичарка со врски во Брисел и Вашингтон, која кариерата ја продолжува како дипломат во регионалните институции на Европската Унија.
Валентина Љескај со многу интензивна политичка кариера е едно од можните имиња за претседател. Таа беше избрана за пратеник во четири собраниски свикувања, а беше и заменик-претседател на Собранието. По заминувањето на Илир Мета од функцијата претседател, Љескај претседаваше со Собранието.
Еден од кандидатите е поранешна министерка за одбрана Мими Кодељи, а како што се наведува, идеален претседател би била поранешната пратеничка Ермељинда Мекси, политичарка со 20-годишна кариера. Нејзиното име на чело на Претседателството се шпекулираше и во 2017 година.
Уште едно изненадување на списокот на албанскиот премиер е Ина Рама, главна обвинителка на Република Албанија од 2007 до 2012 година.
Можно е и идниот претседател да биде најпознатата жена во светот на науката, инженерството и геотехниката, Љуљета Бозо, додека Миљва Економи, како што велат, е политичарка на која Рама во последните години ѝ доверил многу важни функции во владата.
Бесиана Кадаре, ќерката на Исмаил Кадаре, има богата дипломатска кариера. Од 2002 година работи во Министерството за надворешни работи, а потоа и прв секретар во Мисијата на Република Албанија во ОН. Од 2011 до 2016 година беше амбасадор во УНЕСКО, а потоа ја презеде функцијата амбасадор на Албанија во ОН и нерезидентна амбасадорка во Куба. Неодамна, Бесиана Кадаре по втор пат беше акредитирана како амбасадор на Албанија во УНЕСКО.
За Аурелија Анастаси, која дипломирала право на Универзитетот во Тирана во 1988 година, се вели дека има долга и успешна кариера во областа на правдата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож
Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба Калуѓерица, по што повредениот бил пренесен во Ургентниот центар.
По жестока расправија со девојка, во белградската населба Калуѓерица се случил инцидент кога Д.Г. (40) си забодел кујнски нож во стомакот. Повредениот маж веднаш бил пренесен со возило на брза помош во Ургентниот центар, каде што добил итна медицинска помош.
Инцидентот се случил пред две ноќи, а припадници на полицијата веднаш излегле на местото на настанот и ги испрашале момчето и девојчето кои биле присутни во куќата во моментот на инцидентот кога мажот се самоизбодел.
Девојката потврдила за полицијата дека имале жестока расправија, по што Д.Г. го зел сечилото и го забодел во стомакот. Откако лекарите во Ургентниот центар ја санирале раната, Д.Г. бил пуштен на домашно лекување. Случајот е окарактеризиран како несреќен настан по семеен разговор, а понатамошната истрага ќе ги утврди сите релевантни факти.
Регион
Бугарскиот уставен суд ја прифати оставката на Радев, Јотова ја презема функцијата
Уставниот суд ја прифати оставката на бугарскиот претседател Румен Радев, јавуваат бугарските медиуми.
Според одлуката на судиите, овластувањата на Румен Радев како претседател престануваат предвреме со потврдувањето на неговата оставка од страна на Уставниот суд . Одлуката стапува во сила денес, 23 јануари.
Уставниот суд го разгледа барањето на Радев без да мора да го сослуша или да побара дополнителни докази, бидејќи испитувањето беше ограничено на утврдување на лична изјава за волја – прашање кое, според судот, нема сложени правни пречки.
На расправата учествуваа 12 уставни судии, а за уставниот случај извести судијката Павлина Панова.
Оставката ја поднесе Радев по обраќањето до бугарскиот народ на 19 јануари, во кое објави дека се повлекува од функцијата со цел активно да учествува на претстојните предвремени парламентарни избори и евентуално да учествува во политички проект или партија.
„Инвестор.бг“ потсетува дека одлуката на Уставниот суд е историска – ова е прв случај во поновата историја на Бугарија во кој актуелен претседател поднесува оставка пред истекот на мандатот, а судот го разрешува од функцијата.
Потпретседателката Илијана Јотова автоматски ја презема функцијата нов шеф на државата до крајот на нејзиниот мандат на 21 јануари 2027 година. Таа ќе ги извршува функциите на претседател, вклучително и назначување на привремена влада и подготовка за следниот изборен процес.
Фото: ЕПА
Регион
Дедото уапсен под сомнение за обљуба над малолетната внука во Белград
Полицијата на територијата на Белград го уапси Г. М. (57) бидејќи постоеле основи на сомнение дека сторил кривично дело обљуба над дете.
Жртвата е неговата четиринаесетгодишна внука, која ја дала изјавата во присуство на нејзината мајка, според медиумите во соседството.
Осомничениот е задржан од полицијата до 48 часа, во кој период ќе биде приведен на сослушување.
Според написите, се сомнева дека дедото наводно го сторил ова тешко кривично дело врз својата внука во неколку наврати.
Случајот го презеде Вишото јавно обвинителство во Белград, кое ќе спроведе понатамошна истрага. Бидејќи жртвата е малолетно лице, истражните органи ќе ги преземат сите мерки за заштита на интегритетот на детето, а изјавата ќе биде земена во присуство на експерти и психолози.
Кривичниот законик на Србија предвидува исклучително строги санкции за злоупотреба на деца. За најтешките форми на ова кривично дело, особено кога има роднинско сродство или злоупотреба на положбата, се заканува затворска казна од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Сите надлежни служби, вклучително и Центарот за социјална работа, се вклучени во обезбедување поддршка и заштита на жртвата од самиот момент на пријава, според медиумите.

