Регион
Западнонилскиот вирус откриен во Белград
За време на анализата на комарците во Белград, лабораторијата на Секторот за екологија и подобрување на животната средина на ЈКП „Градска чистоќа“ го открила западнонилскиот вирус.
Од таму ги предупредуваат граѓаните да се однесуваат одговорно, да користат средства за отстранување комарци и мрежи за заштита, како и да избегнуваат да остануваат надвор за време на најголемата активност на овие инсекти, од 19 часот до полноќ, кога тимовите исто така вршат активности за сузбивање на комарците.
„Апелирам до моите сограѓани да бидат внимателни и да не ги игнорираат симптомите и да повикаат доктор поради висока температура и главоболка, слабост или исип во пределот на градите“, изјави директорот на ЈКП „Градска чистоќа“, Марко Попадиќ.
Тој апелира до своите сограѓани да не се мешаат во постапувањето на компанијата и да им дозволат на тимовите интензивно да ги сузбијат комарците бидејќи тоа е најважно во овој момент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Албанија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20 часот и 11 минути во Албанија.
Потресот се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Регион
Aлбанија лани ја посетиле рекорден број туристи
Над 11,7 милиони странски туристи ја посетиле Албанија во 2024 година, за 15,2 отсто повеќе од 2023 година, соопшти албанската министерка за туризам Мирела Кумбаро.
Таа на Фејсбук напиша дека, покрај зголемувањето на пристигнувањето туристи од земјите во регионот, Албанија во 2024 година го потврди растот и стабилноста на туристичкиот пазар на гости Италија, Германија, Франција и Обединетото Кралство, како и проширување на картата на далечните азиски и американски пазари.
Приходите од туризмот во првите девет месеци од минатата година достигнале над 3,8 милијарди евра, што е резултат на подобрувањето на стандардите на сместувачките структури.
Регион
Земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 17 часот и 37 минути во областа на Крит, најголемиот остров во Грција.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од околу еден километар под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.