Регион
За опозицијата Србија станува султанат

Претседателот на Демократската партија во Србија, , Драган Шутановац изјави денеска дека информациите за тоа кој ќе ја преземе функцијата премиер е ирелевантна, бидејќи пет години за судбината на народот во Србија одлучува еден човек.
“Оваа информација е сосема неважна, бидејќи пет години и за премиер, и за претседател, и за врховен командант, и за координатор на услуги, и за спасувачите од поплави и возачи на камиони низ тунели решава само еден човек кој сам одлучува за судбината на овој народ”, рече Шутановац.
Тој рече дека во Србија се воспоставува “султанат”, во кој постои султанот и многу везири. Според него, информацијата кој ќе биде назначен за премиер е само информација за тоа “кој ќе ја преземе одговорноста за сите нереализирани ветувања на Вучиќ.”
Според него, новиот премиер ќе има углед само ако првата недела ги уапси одговорните за Сава Маало и насилниците кои ги нападнаа новинарите на денот на полагањето на заклетвата на Вучиќ.
“Во спротивно, ќе имаме влада чиј шеф ќе биде истиот како и досега, само од други позиција”, заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.