Контакт

Регион

За што разговарале Тачи и Путин во Париз?

Објавено пред

Косовскиот претседател Хашим Тачи за време на средбата на рускиот претседател Владимир Путин во Париз му рекол дека не се ниту пријатели ниту непријатели, а Путин му рекол дека Косово е чувствително прашање, пренесува „РТК2“ на српски јазик.

dobivaj vesti na viber

Како што се наведува, косовскиот претседател во синоќешното интервју за „Клан Косова“ оценил дека на Косово му недостигал состанок со рускиот претседател на меѓународната сцена и дека тоа е големо достигнување и чекор за косовската дипломатија.

Според Тачи, ставот на Русија кон Косово треба да се менува и дека состанокот со рускиот претседател бил разбирлив во тој правец.

„Беше коректен состанок, нормален, без некое посредување. Ова е прв состанок меѓу Косово и Русија на инситуционално ниво. Мислам дека ова е чекор напред во односите со Русија. Тоа е добро за двете земји, за мир и стабилност во иднина“, рекол Тачи.

Косовскиот претседател нагласил дека со Путин не разговарал за конкретни работи и детали.

„Разговаравме за општи аспекти и можности Русија да го менува својот став кон Косово. Путин истакна дека ова е чувствително прашање. Нагласив дека не сме ниту пријатели ниту непријатели, но можеме да имаме нормални и коректни односи како и другите земји со Русија“, рече Тачи.

Регион

Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови

Објавено пред

Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.

dobivaj vesti na viber

Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.

Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.

Прикажи повеќе...

Регион

Фатална грешка направиле млади луѓе во опожарената „Вјесник“: „Не викај пожарникари, ќе дојде и полицијата“

Објавено пред

Пожарот што го зафати облакодерот на Вјесник, Загреб, и го претвори во огнена стихија наводно е последица на невнимателно однесување на група тинејџери кои се занимаваат со таканаречен „урбекс“ – истражување напуштени објекти за објави на социјалните мрежи. Според неофицијални информации, реконструирани се настаните што му претходеле на пожарот, а во нив биле вклучени четворица малолетници и двајца 18-годишници.

dobivaj vesti na viber

Влегување во зградата низ прозорец

Групата, составена претежно од малолетници, во понеделник попладне влегла во облакодерот на Вјесник така што се протнала низ скршен прозорец од страната која гледа кон улицата Одранска. Во зградата поминале неколку часа, разгледувајќи 15 ката, напуштени канцеларии и палeјќи и гасејќи светла. Нашле фрижидер со алкохол, а за време на престојот пушеле и ги гаселе опушоците. Истовремено снимале фотографии за објави на социјалните мрежи, пишува „Индекс“.

Цел им било да стигнат до кровната тераса за да направат атрактивни снимки од градот, но на 15. кат наишле на метални плочи што не успеале да ги поместат. Тогаш еден од малолетниците го повикал 18-годишник познат по „Јутуб“ содржини од напуштени објекти.

Повикале двајца полнолетни

Повиканиот млад човек пристигнал околу 21:50 часот во придружба на уште еден 18-годишник. Ја прескокнале оградата и се искачиле до 15. кат, каде се придружиле на групата, но ни тие не успеале да ја отстранат пречката. Во меѓувреме двајца малолетници од првичната група ја напуштиле зградата и заминале дома.

Според сомнежите на истражителите, по неуспешниот обид да се искачат на кровот, еден од 18-годишниците запалил фрлена кутија со документи. Другиот наводно му помогнал така што смачкал хартија, ја запалил и ја фрлил во кутијата. Пожарот многу брзо се проширил, поради што една малолетна девојка побегнала. Еден малолетник се обидувал да ја изгаси огнот и ги убедувал постарите да ги повикаат пожарникарите.

Наводно, тие му одговориле дека заедно со пожарникарите би дошла и полицијата, па сите тројца решиле да ја напуштат зградата. Облакодерот останал во пламен, а двајцата 18-годишници од синоќа се во истражен притвор.

Прикажи повеќе...

Регион

„Фашизмот во Европа се буди“ – Вучиќ ужаснат по настапот на Томпсон и поздравот „За дом спремни“

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска го отвори Меѓународниот саем на вино, храна, ракија и туризам „Винска визија Отворен Балкан“, каде што посети неколку штандови, дегустираше вина и одговараше на новинарски прашања.

dobivaj vesti na viber

На прашање дали ги поканил претставниците на Хрватска да учествуваат на саемот, Вучиќ изјави дека формално не припаѓаат на иницијативата Отворен Балкан, но дека би сакал да ги види како учесници.

„Не припаѓаат на Отворениот Балкан, но немам ништо против, би се израдувал и верувам дека ќе ги поканам,“ рече претседателот.

Коментирајќи го инцидентот во Осиек, каде што за време на концерт на Томпсон се слушнал поздравот „За дом спремни“, Вучиќ изрази загриженост.

„Ужаснат сум од буењето на фашизмот во современа Европа, но што да правите? Се надевам дека Европската унија ќе ги осуди антисрпските и антисемитските фашистички повици во срцето на Европа. Што се однесува до Србите, кај нас фашизмот никогаш немал поддршка и никогаш нема да има, тоа со гордост можам да го кажам,“ истакна Вучиќ, пренесе „Телеграф“.

Вучиќ повтори дека хрватските винари се добредојдени на „Винска визија“ и изрази надеж дека регионалната соработка во рамки на Отворен Балкан ќе придонесе за поголемо поврзување и промоција на гастрономијата и винската култура во регионот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди, Владата додели над 33.000 ваучери

Владата информира дека заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари....

Македонија4 часа

Градоначалникот Митко Јанчев по скандалот со Аца Лукас: Кочани сценарио нема да дозволиме

Не стивнуваат реакциите по скандалот што се случи со пејачот Аца Лукас кога беше прекинат неговиот концерт во Кавадарци. Тој...

Македонија6 часа

Пакуван помфрит со поминат рок требало да се продава на македонскиот пазар, АХВ го спречи увозот и го уништи

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат...

Регион8 часа

Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови

Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес...

Македонија19 часа

Ако живеете во поплавено подрачје превријте ја водата за пиење 10 минути, фрлете ја храната што дошла во допир со поплавата – ИЈЗ со препораки до граѓаните

Институтот за јавно здравје издаде препораки за населението во поплавените подрачја, со посебен акцент на безбедната употреба на вода, личната...

Свет22 часа

Американскиот план за Украина бара дополнителна работа, велат западните челници

Американскиот план за Украина бара дополнителна работа, се согласија челниците на 11 земји и ЕУ во заедничка изјава по состанокот...

Регион1 ден

(Видео) Снежните врнежи го парализираа регионот: застои во сообраќајот во Сараево, автомобили заглавени кај Сплит

Обилните снежни вренежи предизвикаа проблеми во регионот, а снег падна во Босна и Херцеговина и Хрватска, каде што дојде до...

Македонија1 ден

Настапувал без дозвола: Аца Лукас приведен на концерт во Кавадарци

Српскиот пејач Аца Лукас синоќа бил приведен во Кавадарци околу 00:10 часот, за време на настап во угостителски објект. Според...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓа Кацарска поради предметот за линеарното зголемување на пензиите, од Уставен велат дека прозивките се преседан

На прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека уставната судијка Добрила Кацарска бара укинување на зголемувањето...

Македонија1 ден

Поплавени 50 домови во Ресен, под вода земјоделски површини и во Демир Хисар, во Прилеп паднал таван од куќа

Според информациите на Центарот за управување со кризи до 8 часот, обилните врнежи предизвикаа локални излевања, поплави и прекини во...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова со честитка: Албанскиот јазик е важен дел од мултиетничкиот мозаик на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја важноста на албанскиот јазик...

Свет1 ден

Трамп: Украина треба да го прифати мировниот план за да заврши војната

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го коментираше мировниот договор со САД, за кој рече дека Украина треба да го...

Македонија1 ден

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m²...

Македонија2 дена

(Видео) Во Ресенско поплавени над 50 куќи, магацински простори и земјоделско земјиште, состојбата се следи во сите засегнати региони, соопшти ЦУК

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор...

Свет2 дена

Путин: Планот на Трамп може да биде основа за решение на конфликтот во Украина

Москва го има текстот на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на спорот, кој би можел да биде...

Топ2 дена

Српски државјанин осомничен за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици кај Валандово

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето...

Свет2 дена

Трамп: Четврток е соодветниот рок за Украина да го прифати мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти четврток, 27 ноември, е соодветниот рок за Украина да го прифати...

Регион2 дена

Припаѓате во ЕУ со полнo правo: Кос до земјите од Западен Балкан

Европа не може да биде безбедна без Западен Балкан, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос, наведувајќи дека државите од...

Македонија2 дена

Мицкоски: Суштината е во тоа да нѐ оценуваат за реформите, а не според билатералните прашања и спорови

Суштината е во тоа да нѐ оценуваат за реформите, а не според билатералните прашања и спорови, изјави премиерот Христијан Мицкоски,...

Македонија2 дена

Нема повеќе вработувања со телефонски повик „сакам моето дете да биде ваков или онаков доктор“, Алиу ги преброи лекарите во државата

Тргнувајќи од ставот дека здравството не може да се реформира на слепо, министерот за здравство Азир Алиу денес презентира резултати...