Регион
Земјотрес од 4,7 степени ја потресе Албанија

Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтер попладнево ја погоди Албанија. Како што пренесуваат албанските медиуми, потресот, кој траел неколку секунди, е почувствуван во 17.03 часот со епицентар во Грдец, општина Вора, кај Тирана.
Земјотресот е почувствувам и во Драч, Лежа и Фуш Круја и предзвикал вознемиреност и паника кај жителите.
На 15 овој месец, по неколкудневна смиреност на земјата, во Албанија беше регистриран потрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот беше почувствуван на длабочина од десет клометри, со епицентар на шест километри северно од Шијак и 22 километра западно од Тирана.
На 26 ноември беше разорниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, во кој животот го згубија 51 лице, а беше предизвикана огромна материјална штета, најмногу во Драч, Тирана и во Туман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.