Контакт

Регион

Идентификувани три лица, уапсен хулиган: „Не бев во Атина, имам доказ“

Објавено пред

Вчера, во медиумите беше објавена снимка од надзорните камери, на која наводно се гледа моментот кога 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис, е избоден со нож, а кој наводно е доказ за грчката полиција во случајот со неговото убиство.

dobivaj vesti na viber

На видеото не се гледа баш најдобро што всушност се случило, но според изворот што ја испратил снимката, се чини дека може да го покаже моментот кога грчкиот навивач бил избоден со нож.

Во моментот на кој наводно се гледа прободувањето, Михалис Кацурис (во сина кошула) и уште еден маж во бордо кошула трчаат еден до друг. Михалис во еден момент ја замавнува левата рака наназад, а друг маж замавнува со левата рака, во која држи непознат предмет во правец на убиениот Михалис.

Подоцна може да се види Михалис како гледа во маицата, а потоа трча кон киоскот. Таму колабирал и дошла брзата помош. Подоцна бил прогласен за мртов.

Иако од ова, како и од претходно објавените видеа, е тешко да се заклучи што всушност се случило, ниту едно од досега објавените видеа јасно не покажува дека за смртта на грчкиот навивач е одговорен припадник на хрватската навивачка група.

Властите идентификуваа уште три лица што биле во близина на Кацурис за време на немирите. Како што јавува телевизијата СКАИ, во немирите во близина на 29-годишникот се движеле четири лица, а тројца биле идентификувани од ЕЛАС.

Во истиот извештај се наведува дека по секое легитимирање, ЕЛАС ги испраќа сите детали од истрагата до истражителот, кој одлучува дали ќе издаде налог или ќе повика конкретни лица како обични сведоци. Во секој случај, аудиовизуелниот материјал детаљно го прегледуваат службеници на ЕЛАС во надлежните лаборатории за да се идентификуваат лицата што учествувале во тепачката, пишуваат грчките медиуми.

Грчките медиуми јавуваат и дека важен елемент во истрагата се дамките од крвта на Михалис Кацурис, кои се пронајдени на 20-ина метри од местото, каде што на видеото се гледа како е удрен со палка.

Денеска, се очекува и распитот на 43-годишниот маж, кој беше уапсен поради учество во инцидентите и за кого грчката полиција смета дека бил водич на хрватските хулигани. Според СКАИ, во досието против него има и полициска пријава, но 43-годишникот тврди дека нема никаква врска со настаните.

Досието против него содржи изјава од полициски службеник на Управата за сузбивање на насилството на спортските терени, во која се наведува дека 43-годишникот личи на лицето прикажано на снимката како ги организира хулиганите неколку минути пред нападот носејќи темна кацига.

Неговите адвокати наведуваат дека на денот на немирите тој воопшто не бил во Атина, туку во Кефалонија на одмор со својата девојка. Тие велат дека има бродски билети за да го докажат нивното тврдење, а адвокатите имаат намера да ги декласифицираат телефонските повици и видеата од хотелот во кој наводно престојувал за да докажат дека нема никаква врска со настаните во Нова Филаделфија.

Регион

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ: закажани рочишта, телото на детето сѐ уште не е пронајдено

Објавено пред

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар на 27 и 28 мај е закажан распитот на нови сведоци во врска со истрагата против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ, објавија српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Од обвинителството за „Танјуг“ велат дека е завршен дел од ДНК-испитувањето на примероците земени и од автомобилот што го управувале осомничените, а на нив не е пронајдена ДНК на девојчето.

Од таму додаваат дека вештачењето на движењата на возилата на осомничените врз основа на ГПС-уредот е во тек, а психијатриското вештачење на осомничените е завршено, но наодот и мислењето на вештачењето сѐ уште не се доставени до Обвинителството.

Покрај Дејан Д. и Срѓан Ј., во притвор е и таткото на Дејан, кој е осомничен дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.

Братот на Дејан Д., Далибор Драгијевиќ, почина на 7 април во просториите на Полициското одделение во Бор при приведувањето.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детаљни проверки на сите индиции и информации, ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобилот, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот и го однеле на депонија.

Телото на девојчето сѐ уште не е пронајдено.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: На седницата на Советот за безбедност на ОН ќе им одговорам на оние што ги обвинуваат Србите дека се геноциден народ

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ нема да учествува на самитот на лидерите на Западен Балкан и Европската Унија во Котор, Црна Гора, бидејќи ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност на ОН за, како што рече, „да им одговори на оние што би ги обвинилe Србите дека се геноцидна нација“.

dobivaj vesti na viber

Пред заминувањето за Њујорк, Вучиќ во Белград се сретна со рускиот амбасадор Александар Боцан-Карченко, откога во понеделникот беше домаќин на шефот на дипломатијата на Украина, Дмитро Кулеба, кој беше во Србија во исто време со Олена Зеленска, сопругата на п0ретседателот на Украина.

Србија постојано ја осудува руската инвазија на Украина во Обединетите нации и други меѓународни форуми, но одбива да се приклучи на меѓународните санкции против Кремљ, пишува „Н1“.

На денешната средба со рускиот амбасадор, Вучиќ рече дека одржувањето на стабилноста во регионот е од витален интерес за Србија, но дека произволните потези и иницијативи на Приштина, како што е резолуцијата на Генералното собрание на ОН за Сребреница, не придонесуваат за процесот на помирување, градење доверба и соработката во регионот.

Во посета на Србија е и европскиот комесар за соседство и проширување, Оливер Вархељ, кој во понеделникот на заедничката прес-конференција со српскиот претседател, зборувајќи за резолуцијата за Сребреница, рече дека не се согласува со колективното казнување еден народ.

„Не се согласувам со ставот за колективна вина, не мислам дека стигматизирањето на српскиот народ и колективната вина е одржлив избор ниту, пак, ќе придонесе за надминување на ужасите од балканските војни“, рече Вархељ.

Резолуцијата со која се потсетува на геноцидот врз Бошњаците од Сребреница треба да биде претставена на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации во мај, а Вучиќ и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, постојано укажуваа дека споменатата резолуција е обид за наметнуваат колективна вина на српскиот народ, а тие инсистираат на тоа дека немало геноцид во Сребреница, иако тоа беше потврдено со пресудите на Хашкиот трибунал.

Резолуцијата повикува да се воспостави 11 јули како меѓународен ден на сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница, уште еднаш се осудуваат сите дејства со кои се величат сторителите на воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцидот, утврдени со пресудите на меѓународните судови. Ја нагласува важноста од завршување на потрагата по останките на преостанатите жртви, кои досега не се пронајдени, и повикува на продолжување на гонењето на сторителите на геноцидот, кои сѐ уште се на слобода.

Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница. Претходно денес, претседателот на партијата Македонци во Србија, Горан Илијевски, испрати писмо до новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, да се огради од непромислената одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи и со тоа да ја поништи одлука за прогласување геноцид во Сребреница.

Прикажи повеќе...

Регион

Вархељ во Србија: Денешните одлуки ги обликуваат следните пет години

Објавено пред

Комесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархељ, по средбата со српскиот премиер Милош Вучевиќ во Белград, најави дека денешните клучни одлуки „ќе ги обликуваат следните пет години“.

dobivaj vesti na viber

Вархељ, кој претходно се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, на X напиша дека се сретнал со Вучевиќ и со членовите на неговиот кабинет.

„Ова е критична година. Следните пет години ќе се обликуваат врз основа на денешните клучни одлуки. Нема време за губење“, напиша Вархељ.

Тој додаде дека детаљно разговарал за отворените прашања од реформската агенда во владата на Србија, кои треба да бидат финализирани во наредните денови.

„Разговаравме и за планот за раст. Диверзификацијата на гасот е најитното прашање. Тоа има значително влијание врз иднината на енергетската безбедност на Србија“, напиша тој.

До изградбата на гасоводот со Бугарија, кој делумно беше финансиран од ЕУ, Србија се потпираше исклучиво на увоз на гас од Русија.

Овој гасовод беше пуштен во пробна работа во декември 2023 година и Србија преку него ќе купува гас од Азербејџан.

Властите во Србија делумно го оправдаа својот став да не воведуваат санкции кон Русија со нивната зависност од рускиот гас.

На прес-конференцијата по средбата со премиерот на Србија, Оливер Вархељ изрази надеж дека новата влада на Србија ќе го забрза патот на земјата кон Европската Унија, јавува Радио-телевизија на Србија (РТС).

Во владата на Србија беше потпишан договор со кој Европската Унија ќе донира десет милиони евра за втората фаза од програмата „Обновливи извори на енергија – развој на пазарот на биомаса во Србија“.

Проектот ќе им овозможи на топланите во неколку локални самоуправи да се префрлат на користење биомаса како извор на енергија, што на нивните граѓани ќе им донесе сигурно снабдување и поздрава животна средина.

Вархељ, како што е најавено, во вторник ќе разговара и со министерот за надворешни работи, Марко Ѓуриќ, и со министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци: жртвите пронајдени со повреди на главата, со убодни рани најден и осомничениот

Денеска во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во село Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот...

Топ2 часа

Двојно убиство во скопско Стајковци

Во скопско Стајковци, попладнево се убиени две лица. Повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел....

Македонија3 часа

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа, ќе поднесат кривична за Даштевски и тужба во Управниот суд

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денес обвини за изборен инженеринг и кражба на гласови на парламентарните избори. Од изборните единици 1,...

Македонија4 часа

Демири пред заминување го разреши директорот Петровски од Токсикологија, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петревски. Вработените на Клиниката соопштија дека Петровски, кој...

Македонија4 часа

ДИК ги усвои приговорите за седум избирачки места

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека усвоила приговори за седум избирачки места. Со тоа усвоени се приговорите за Желино, ИМ 2101,...

Македонија5 часа

„Вреди“: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Коалицијата „Вреди“ тврди дека имало прекршувања во Шестата изборна единица аргументирајќи дека вчера со одлуката на Државната изборна комисија уште...

Топ7 часа

Почина седумесечно бебе во специјалната болница во Охрид: му бил извршен хируршки зафат, a ден пред тоа било донесено со хематом на главата

Денеска, во раните утрински часови, во СВР Охрид било пријавено дека во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по извршен...

Топ7 часа

Автомобили се судрија во Чаир, настрада пешак – жената што се нашла на улицата тешко повредена

Вчера, на улицата Ферид Бајрам во скоската населба Чаир, се судрија два автомобила, при што удрена е и жена пешак. Од...

Македонија9 часа

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на договорот од Преспа

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ...

Македонија10 часа

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за најновите политички случувања во...

Свет10 часа

Нов напад на Белгород; Русите: Уништени се куќи, има загинати

Еден далновод и повеќе од дваесетина куќи беа оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни...

Свет10 часа

САД и Австралија претставија огромни подводни дронови: „Ова е иднината на војувањето“

Ghost Shark и Manta Ray се имињата на прототипите на беспилотни подводни возила, UUV или беспилотни летала, неодамна претставени од...

Македонија23 часа

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија1 ден

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ1 ден

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија1 ден

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија1 ден

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија1 ден

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет1 ден

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија1 ден

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...