Регион
Иринеј: Вучиќ лавовски се бори за Косово
И натаму мислам дека претседателот Александар Вучиќ лавовски се бори за Косово и Метохија и тоа под невидено нерамноправни услови, но и непроменетиот став со векови на црквата на својот народ и својата држава го доживува како помош, а не како отежнување на и така тешката ситуација, изјави српскиот патријарх Иринеј во интервју за „Вечерње новости“.
„Надеж и утеха влева тоа што тој (Вучиќ) повеќекратно изјавува дека нема да ја наметнува својата волја и своите евентуални решенија, туку ќе ги почитува слободно изразената народна волја и својата, па и да не се согласува интимно со неа“, рекол Иринеј.
Тој додава дека црквата по својата природа не донесува државни и политички одлуки, но, како што вели патријархот, има право, а уште повеќе должност, да укаже на вечните мерки и вечните вредности.
Според него, главниот проблем на Србија не се вековните соседи Арбанаси, туку развиена Европа, па и Западот воопшто, бидејќи, како што оценува, не се занимава со решевање на кризата и надминување на судирите, туку се занимава со своите вечни интереси.
Тој порача дека ако и кога Србија ќе дојде на ред, тогаш, доколку уште постои, ЕУ ќе биде поразлична од денеска. Исто така оцени дека Србија никогаш нема да си купи членска карта за влез во ЕУ по цена на воведување санкции против Русија.
Вучиќ претходно денеска рече дека Србија е далеку од ставови за решавање на проблемот на Косово, но рече дека ќе продолжи да се бори и да разговара за еден ден да дојде до договор, но не се знае дали тоа би било за три месеци или една година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

