Регион
Испораката на руско оружје е само дел од плановите за повторно вооружување на армијата на Србија
Испораката на руското оружје, која вклучува 6 “Миг-29”, 30 тенкови “Т-72” и 30 оклопни возила БРДМ – 2, е само дел од плановите за целосно обновување на вооружувањето на српската армија, која до неодамна немаше пари за униформи и обувки, а сега е на пат да се претвори во една од најмодерните армии на Балканот, пишува во четвртокот белградското електронско издание “Vesti-online.com”,
Изданието, исто така, забележува дека средствата кои треба да се предвидат за деконзервација и поправка на руската воена техника ќе се покријат со донација.
Весникот го цитира министерот за одбрана на Србија, Зоран Ѓорѓевиќ, кој тврди дека поправката на руските авиони во целост ќе биде извршена во белградскиот воздухопловен институт “Мома Станојловиќ”, каде што и во иднина ќе може легитимно да се врши, сервисирање на руска борбена воздухопловна техника .
“Vesti-online” истакнува дека кон крајот на мај на аеродромот “Батајница” се очекува да пристигнат 14 нови авиони за обука “Ласта” кои во неродните години ќе се користат за наставен процес.
Српските воздухопловни сили не се откажале и од модернизацијата на авионите “Supergdleb G4” при што се во тек тендерски процедури, со кои се предвидува до 2030 година авијацијата да располага со најмалку 9 авиони.
Во наредните месеци ќе продолжат преговорите со Русија за испорака на самоодните ракетен комплекси “земја-воздух” “Бук” и на ракетен систем со среден дострел “С-300”.
Според изданието во производство е влезен српскиот противвоздушен артилериски ракетен систем “Pasarse – 16” (Terminator) и веќе почна модернизацијата на ракетните системите “Оган” и “Morava”.
Модернизирањето на армијата ќе продолжи со прифаќањето на новите оклопни возила “Милош” и “Лазар 3”, како и на српскиот “Калашников”, кој наместо 7,62 мм. ќе биде со калибар 6,5 мм., а ќе се произведува во “Застава oruzja”.
“Vesti-online” пишува дека за време на разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и српскиот премиер Александар Вучиќ е дискутирано развојот на српските самоходки од 115 мм. и хаубиците “Нора-Б52”. Весникот потсетува дека во декември беше потпишан договор со “Airbus” за испорака на 9 хеликоптери H145M, од кои 6 се за потребите на армијата, а три – за српската полиција.
Српскиот воен аналитичар Александар Радиќ смета дека со испораката на руските авиони “Миг-29” во практика е решен проблемот со обезбедувањето на воздушниот простор на Србија, бидејќи досегашните српски авиони се премногу застарени..крај /мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.