Регион
И утрово забранет влезот кај селото Бањска

Во селото Бањска, во општина Звечан, на северот од Косово, утрово не може да се влезе ниту да се излезе откога вчера по обид на Србите да го блокираат патот во тоа село дошло до судир во кој загинаа тројца Срби и еден член на косовската полиција.
Како што изјави за „Танјуг“ полицаецот на контролниот пункт на влезот во селото, екипи на крим-техниката се внатре и дури кога ќе завршат со истрагата, ситуацијата ќе се нормализира.
Блокирани се сите три приоди кон село Бањска, од правец на Звечан, Зубин Поток и од автопатот Косовска Митровица – Лепосавиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта.
Министерството додаде дека сообраќајот во српската престолнина сега може да се одвива нормално. Тие тврдат дека полицијата дејствувала професионално. Повеќе лица се приведени за напад и навреда на полицијата и нарушување на јавниот ред.
Едно полициско возило е оштетено од учесниците во блокадата.
Во Белград, Нови Сад, Ниш и многу градови низ Србија, патиштата беа блокирани на неколку локации. Студентите повикаа на граѓанска непослушност кога осум нивни колеги беа уапсени.
Вишото јавно обвинителство ги обвини осумте студенти за наводно подготвување дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија и во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок.
Регион
Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во насилствата по студентските протести во Белград. Тој најави дека ќе следуваат нови апсења, бидејќи, како што рече, сѐ уште се врши идентификација на осомничените.
„Ова не е крај, лицата се идентификуваат, на тоа работи БИА“, изјави Вучиќ, додавајќи дека Србија не може да се победи со насилство: „Неа не можете да ја победите со насилства, таа не запре и нема да застане“.
Тој оцени дека повиците на крајот од протестот, особено изјавата „имате зелено светло“, претставуваат директен повик за граѓански конфликти и напади врз полицијата.
„Ги повикувам надлежните обвинителства да си ја работат својата работа, да не се преправаат дека се неспособни и наивни. Доаѓа време на одговорност, почитувани граѓани“, додаде Вучиќ.
На заедничката прес-конференција, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ информираше дека по протестот се приведени 77 лица, од кои 38 се задржани, а меѓу нив има и едно малолетно лице.
„Против 35 лица ќе бидат поднесени кривични пријави, а против 26 лица ќе се води прекршочна постапка“, изјави Дачиќ, додавајќи дека се повредени 48 полицајци, од кои еден со тешки повреди на главата, а уништена е и значителна количина заштитна опрема.
Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, остро го осуди насилството и побара сите страни да се воздржат од дополнително разгорување на тензиите.
„Србија е демократско општество во кое мислењата мора да се изразуваат на мирен и цивилизиран начин, без загрозување на безбедноста на граѓаните и јавниот ред и мир“, изјави Мацут.
Тој им се заблагодари на припадниците на полицијата и безбедносните служби за брзата и професионална интервенција.
Своја реакција имаше и претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, која обвини дека студентите на протестот упатиле повик за граѓанска војна.
„Блокаторите не го завршија својот митинг на Видовден со зборовите ‘Да живее Србија’, туку со морничав повик за убивање на Србија – монструозен и отворен повик за граѓанска војна. Памти Србијо“, напиша таа на мрежата Икс.
Блокадери свој скуп на Видовдан нису завршили речима – Живела Србија. Завршили су језивим позивом на убиство Србије, монструозним и отвореним позивом на грађански рат. Памти Србијо. pic.twitter.com/IiOiU3A0Kl
— Ana Brnabic (@anabrnabic) June 28, 2025
Регион
(Видео) Македонски камионџија уапсен во Грција по несреќата во која загинаа татко и дете

34-годишен возач на камион од Македонија е уапсен вчера попладне во Грција, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во која животот го загубија татко и неговиот 13-годишен син. Трагедијата се случила на стариот магистрален пат Солун – Верија, околу 16 часот.
Според информациите на грчкиот портал protothema.gr, до несреќата дошло на делницата меѓу Халкидони и Лудија, каде под сè уште неразјаснети околности дошло до жесток фронтален судир меѓу камионот и патничко возило во кое патувало четиричлено семејство.
Во судирот, 44-годишниот возач на автомобилот починал на самото место, а неговиот 13-годишен син им подлегнал на повредите кратко потоа. 43-годишна сопруга и нивниот 9-годишен син се здобиле со тешки повреди и биле веднаш пренесени со возило на итната медицинска служба ЕКАБ во болницата „Гениматас“ во Солун.
Според близок роднина на семејството, трагедијата се случила додека се враќале од патување и шопинг во Солун кон нивниот дом во едно село во регионот Пела. Роднината вели дека семејството е во целосен шок, а точните причини за несреќата засега остануваат непознати.
Фотографиите од местото на трагедијата, објавени од protothema.gr, прикажуваат целосно деформирано возило, што сведочи за силата на ударот. Грчката полиција продолжува со истрагата за да ги утврди причините за фаталната несреќа.