Регион
„Киев Индипендент“: Хрватска ќе го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО

„Киев Индипендент“, еден од главните медиуми во Украина, на „Твитер“ напиша дека Хрватска ќе ги блокира Шведска и Финска да влезат во НАТО.
„Хрватска ќе го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ рече дека ќе му нареди на постојаниот претставник на земјата во НАТО да гласа против потегот“, напишаа киевските медиуми на Твитер.
⚡️Croatia to block Finland, Sweden from NATO membership.
Croatian President Zoran Milanovic said he would instruct the country’s permanent representative to NATO to vote against the move.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) May 18, 2022
Според медиумот, членството на двете нордиски земји ќе зависи од тоа дали ќе се промени изборниот закон во БиХ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Конститутивната седница на Собранието на Косово одложена по 16. пат

Конститутивната седница на Собранието на Косово денес беше одложена по шеснаесетти пат, откако повторно не беше прифатен предлогот на движењето Самоопределување за одржување тајно гласање за избор на претседател на Собранието.
55 од присутните 111 пратеници гласаа за формирање на комисија која ќе го надгледува тајното гласање.
Седницата е закажана да продолжи во сабота, 17 мај, во 10:30 часот.
Самоопределување, исто така, побара тајно гласање за претседател на Собранието на последните шест седници, но опозициските Демократска лига на Косово, Демократска партија на Косово и Алијанса за иднината на Косово, како и Српска листа, се против тоа, одбивајќи да предложат членови на комисијата за тајно гласање.
Кандидат на Самоопределување за претседател на Собранието е сè уште Албуљена Хаџиу, иако во шест обиди за избор таа никогаш не добила повеќе од 57 гласа, додека за избор на претседател на Собранието се потребни 61 глас.
Поради неможноста за конституирање на Собранието, претседателката Вјоса Османи за денес закажа консултации со претседателите на партиите.
Конститутивната седница започна пред 30 дена, на 15 април, а врз основа на резултатите од изборите одржани на 9 февруари, ниту една партија нема доволно мандати за самостојно да формира влада.
Самоопределување има 48 мандати, Демократската партија на Косово 24, Демократската лига на Косово 20, Алијансата за иднината на Косово и иницијативата Нисма осум, Српската листа девет, Партијата за слобода, правда и опстанок еден, а преостанатите 10 мандати им припаѓаат на претставници на другите немнозински заедници.
Регион
Мајката на Данка Илиќ повторно ќе биде сослушана, Судот бара нова анализа

Апелациониот суд во Ниш нареди дополнување на истрагата во постапката за повторно судење во случајот со исчезнувањето и смртта на двегодишната Данка Илиќ, оценувајќи дека е потребно дополнително да се разјаснат околностите и да се потврди валидноста на собраните докази, вклучително и одбраната на кообвинетите.
Според официјалното соопштение, новиот судски совет, со променет состав, ќе има обврска да ги реконструира настаните под идентични услови со цел попрецизно да се утврди фактичката состојба, но и повторно да ја испита мајката на Данка, Ивана Илиќ.
„Реконструкцијата на настаните мора да се изврши според исказот на секој обвинет поединечно, особено според исказот на мајката Ивана Илиќ, која мора повторно да биде сослушана како сведок – сè под исти метеоролошки услови, во исто време од денот, и со идентичен распоред на зградите и паркираните возила во дворот на куќата во населбата Бањско Поље, како и положбата на службените возила на улицата во близина“, се наведува во образложението.
Реконструкцијата ќе се базира на досега собраните докази – вклучувајќи извештаи од местото на злосторството, скици од местото на настанот, фотографии и мислења на експерти.
Апелациониот суд истакнува дека описот на кривичното дело во однос на обвинетиот Радослав Драгиевиќ содржи внатрешни противречности и е правно неодржлив.
„Се наведува дека Драгијевиќ е оправдано осомничен дека му помогнал на Срѓан Јанковиќ, соизвршител на тешко убиство, иако во исто време е опишано како Дејан Драгијевиќ го убил детето, го донел телото дома и, со знаење на таткото, обвинетиот Радослав, повторно го преместил во напуштена куќа. Подоцна, самиот Радослав го преместил телото повторно на друга, непозната локација“, се вели во одлуката.
Со оглед на императивните одредби од Кривичниот законик, судот мора да утврди дали постои основа за обвинението против Радослав Драгијевиќ, со оглед на тоа што според законот, лице кое помага на роднина по крв по извршување на кривично дело или не го пријавил тоа не е казниво.
Судот, исто така, наложи новиот совет да мора:
– јасно, доволно и правилно да се оправда постоењето на основано сомневање во врска со фактите што ги сочинуваат карактеристиките на кривичното дело, да наведе конкретни докази од кои произлегуваат овие факти и да ги оцени наводите во одговорот на обвинителниот акт.
„По постапувањето по овие приговори, првостепениот суд треба, врз основа на квантитативна (а не квалитативна) проценка на доказите, да донесе правилна и законски заснована одлука“, заклучи Апелациониот суд.
Според „Блиц“, ова значи дека судиите кои претходно биле вклучени во случајот (на пр. при одредување притвор, испитување на обвинението или негово продолжување) не можат да учествуваат во новата одлука. Поради ова, Вишиот суд во Заечар побара назначување на нов судски совет, а Апелациониот суд во Ниш предложи предметот да се префрли на најблискиот виш суд во регионот.
Регион
Двe средношколки во Обреновац ја претепале својата другарка на улица: едната ја удирала со шлаканици, другата со тупаници

17-годишна ученичка од средно училиште во Обреновац, заедно со своите родители, вчера отишла во полиција и пријавила дека била претепана од две другарки.
Таа рече дека сè се случило на улица.
Според тврдењата на малолетничката, едната ја удрила со шлаканица, а другата ја удрила со тупаница.
Полицијата ги известила Центарот за социјална работа, надлежното обвинителство и училиштето чии ученици се во прашање.
Ученичката која била нападната и претепана има полесни повреди, пренесуваат локални медиуми.