Регион
Косово испрати безбедносни сили во подрачјата погодени од земјотресот во Албанија

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, телефонски разговараше со албанскиот премиер, Еди Рама, а вршителот на должност премиер на Косово, Рамуш Харадинај, со албанскиот претседател Илир Мета, за да се информираат за состојбата по земјотресот што ја погоди Албанија.
Тачи соопшти дека релевантни единици на косовските безбедносни сили веќе се упатиле кон подрачјата погодени од земјотрес.
„На премиерот Рама во името на граѓаните на Косово му изразив искрено сочувство за жртвите што настрадаа во земјотресот. Го уверив дека Косово ќе ја поддржи Албанија. Релевантните единици на косовските безбедносни сили веќе тргнаа кон подрачјата погодени од земјотресот“, рекол Тачи.
Истовремено, вршителот на должност премиер на Косово, Харадинај, телефонски разговараше со албанскиот претседател Илир Мета, кому му ги пренесе солидарноста и подготвеноста на народот на Косово да ја понуди потребната помош на Албанија.
Харадинај истакна дека побарал од командантот на КБС, генералот Рахман Рама, и директорот на полицијата на Косово, Рашит Калаја, да ги мобилизираат итните единици за помош на државата и граѓаните на Албанија со сите потребни капацитети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.