Регион
Курти: Одложувањето на одлуката за реципроцитет е под услов да се отстранат барикадите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/kurti.jpg)
Косовскиот премиер Албин Курти денеска на Твитер напиша дека одложувањето на одлуката за реципроцитет до 1 септември е донесена под услов да се отстранат сите
барикади и да се воспостави целосна слобода на движење.
„ Во соработка со нашите меѓународни сојузници, се обврзуваме да го одложиме спроведувањето на одлуките за регистарските таблички на автомобилите и документите за влез и излез на граничните премини со Србија за 30 дена, под услов да се отстранат сите барикади и да се врати целосната слобода на движење“ .
Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља, соопшти дека на граничните премини на Косово почна да се издаваат документите за влез, со исклучок на пунктовите Јариње и Берњак, кои се уште се затворени поради барикади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Во Белград наврнаа 80 литри дожд, пожарникарите спасуваа на 40 локации
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/hjhjhjj.jpg)
Невремето што синоќа го зафати Белград донесе многу проблеми. Пожарникарите-спасувачи во текот на ноќта беа ангажирани на повеќе од 40 локации на територијата на градот.
Во Белград синоќа наврнаа повеќе од 80 литри дожд на метар квадратен, што предизвика големи проблеми. Најголемата е што канализацијата не можеше да прими толкава количина на вода, па остана во сите вдлабнатини, подвозници, засеци. Невремето прво ги зафати населбите Сремчица и Подавла, потоа центарот на градот и Баново брдо.
Водата однесе бројни капаци од шахти, па десетина возила беа оштетени додека минуваа низ водата. Сите комунални служби се на терен и ги санираат последиците од поплавите. Милан Коциќ од Одделението за вонредни состојби за РТС изјави дека во Белград се уште се врши испумпување на водата.
Утрово избувна пожар во магацин на Петлово брдо покрај Ибарската магистрала. Според првичните информации нема повредени, во гаснењето учествувале 12 возила и 30 пожарникари кои успеале да го локализираат пожарот.
На повеќе од 40 локации на територијата на Белград поради обилни врнежи во текот на ноќта биле ангажирани припадници на Одделението за вонредни состојби, а најголем број интервенции имало во окрузите Колубара и Расин, соопшти полицијата.
Регион
Македонец пронајде девојче од Србија кое се загуби во Грција, неговиот апел повеќе од 3.000 пати беше споделен на мрежите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/4484809484242827239249284468203260149373999n.jpg)
Србија синоќа ја крена на нозе веста дека девојче (3) исчезнало за време на нејзиниот одмор во Грција. Ја пронашол Сашко Радуловиќ, Македонец од Скопје и ја споделил веста на Фејсбук.
„Најдовме 3-годишно девојче изгубено во Неа Флогита кај Филатеки, ве молиме да не известите дали некој ги знае родителите“, напиша Сашко во групата Грција инфо, а заедно со објавата објави и слика од девојчето.
Објавата беше споделена повеќе од 3.000 пати, беа оставени повеќе од 1800 коментари, а контактирани се безброј луѓе, се со надеж дека девојчето ќе биде вратено кај родителите што е можно поскоро. Сашко повикал полиција, која дошла повеќе од еден час по објавата и го однела девојчето во полициската станица во Неа Мудања.
За тоа време Србија ги бараше родителите на исчезнатото девојче, а додека многумина зборуваа само за неа, Стефан и Валентина Спасиќ ги пронашле родителите на девојчето и ги однеле во полициска станица во соседниот град да си го земат детето.
„Девојчето е добро, полицијата ја привела и ја однела во станицата Неа Мудања за да се увери дека е безбедно. Разбирливо беше вознемирена, но сето тоа на крајот се исплатеше. Родителите живеат во еден од нашите станови што го изнајмуваме, па беше лесно да се дојде до нив штом го видовме и препознавме девојчето на социјалните мрежи“, изјави Стефан Спасиќ во моментот кога девојчето и нејзините родители беа вратени во апартманот.
Стефан откри и дека родителите се малку во шок, но се добро.
„Тие беа во шок да бидам искрен, но сега се добро штом дознаа дека пред се девојчето е добро и на безбедно место“, изјави Стефан.
Девојчето било пронајдено околу 23 часот.
Регион
Вучиќ: Курти не сака дијалог, сака де јуре признавање
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/vucik.png)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека продолжувањето на дијалогот со Приштина во Брисел не се случило бидејќи косовскиот премиер Албин Курти „не сака дијалог“.
Вучиќ оцени дека вчерашното непродолжување на дијалогот во Брисел е последица на желбата на Приштина за „де јуре признавање“.
„Дијалог не се одржа бидејќи тие не сакаат дијалог. Сакаа де јуре, не де факто туку де јуре признавање. Ова е она што тие го бараа. Сакавме да разговараме за компромиси за решавање на проблемите, но знаев и претходно дека не се подготвени за тоа“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека не верува оти „сериозен дијалог“ може да продолжи „во блиска иднина“.
„Секогаш ќе треба да најдете начин да разговарате со некого. Подготвени сме да разговараме, но не гледам можност за сериозно продолжување на дијалогот во блиска иднина“, рече Вучиќ.