Регион
КФОР: На Косово пристигнаа 200 британски и повеќе од 130 романски војници

КФОР соопшти дека 200 британски и повеќе од 130 романски војници пристигнале на Косово со цел да се зајакне силата на мировната мисија на НАТО.
Распоредувањето доаѓа по нападот врз косовската полиција на 24 септември и зголемувањето на тензиите во регионот со цел да се подобри присуството на КФОР на северот на Косово и патролирањето по административната гранична линија, се вели во соопштението.
– Потегот беше заснован на барање на врховниот командант на НАТО за Европа и одобрен од сојузниците во Северноатлантскиот совет како внимателен чекор за да се осигура дека КФОР ги има силите што му се потребни за да го исполни својот мандат на ОН за одржување на безбедна и безбедна средина и слободата на движење за сите луѓе во Косово, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Се судрија два автобуса во Хрватска

На автопатот А1 во правец кон Загреб, кај излезот Вучевица кај Сплит, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два автобуси.
Пријавата во полиција ја добила околу 13 часот и 45 минути, а на местото на несреќата веднаш биле испратени екипи на Итна медицинска помош, полиција и пожарникари, јави „Далматински портал“, пренесе „Индекс“
Нема жртви, а на шест лица ќе им биде укажана лекарска помош во болнинца (сите лица се свесни), а на останатите на кои им е потребна помош ќе им биде укажана на местото на настанот, соопшти полицијата.
Сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Во тек е увид, по што ќе бидат познати повеќе детали, како и информации за повредените лица.
Регион
Разбиена криминална група за илегална миграција во Грција, правеле лажни пасоши и ги продавале за 600 евра

Уапсени се 23 лица осомничени за криумчарење илегални мигранти и фалсификување документи во Грција, а се уште се трага по 26 други членови на оваа криминална мрежа.
Оваа банда преку шверц и фалсификување заработила 4.865.200 евра, а меѓу уапсените е и водачот на групата, кој од почетокот на 2024 година правел лажни патни исправи за мигранти, јавува ЕРТ.
При претреси на четири локации во Атина и Пиреја, запленети се 4.831 лажни патни исправи во вредност од 68.000 евра, а идентификувани се 558 мигранти прошверцувани во ЕУ од оваа група.
Во зависност од тоа дали шверцувале мигранти по пат, море или воздушен пат, трошоците за превоз се движеле од 700 до 8.000 евра, додека фалсификуваниот документ чинел од 400 до 600 евра.
Регион
(Видео) Силни врнежи од дожд и град во Белград, поплавени улици и дел од автопатот

Ветер, град и пороен дожд го погодија Белград. Улици и автопат беа поплавени откако невреме го погоди српскиот главен град.
Според снимките објавени на социјалните мрежи, дел од автопатот бил под вода.
Бројни улици во Белград беа исто така поплавени. Подводниот премин во близина на железничката станица во Раковица е под вода.
Според извештајот на репортерот на Н1, во Авала паѓало град со големина на лешници.