Контакт

Регион

Маж падна од петти кат во зграда во Ниш, истрагата е во тек

Објавено пред

65-годишен човек од Ниш почина синоќа при пад од петти кат од станбена зграда во центарот на Ниш.

dobivaj vesti na viber

Итната помош по повик на сведокот на трагедијата излегла на самото место околу три часот по полноќ.

Известена е полицијата, нивната патрола констатирала дека нема околности што укажуваат дека смртта настапила како последица на кривично дело.

За овој настан е известено Вишото јавно обвинителство во Ниш.

Регион

(Видео) Мажот кој со сопругата загина во Хрватска, пред несреќата се снимал во живо додека вози „бмв“ 200 на час

Објавено пред

Еди Здјелар (24) и неговата сопруга загинаа  вчера во тешка сообраќајна несреќа кај Новска во Хрватска, а нивното двегодишно дете е тешко повредено.

dobivaj vesti na viber

Здјелар управувал „бмв“ со кое со голема брзина удрил во камион на автопат, а со нив во автомобилот имало и дете. До несреќата дошло кога тој удрил во задниот дел на камионот со босански национални ознаки што се движел пред него во истиот правец.

Кусо пред несреќата, 24-годишникот на својот Фејсбук профил објави видео на кое се гледа како вози на автопат, каде може да се забележи дека возел повеќе од 200 километри на час. На видеото во позадина гласно се слуша музика, а надвор врне.

Здјелар во еден дел од видеото ги поздравува пријателите и ги известува дека оди на крштевка. Видеото е снимено во периодот од 14:30 до 14:45 часот, што одговара на времето на несреќата кое е пријавено во 15:00 часот.

Порталот „24сата“ пишува дека во 2019 година Здјелар предизвикал уште една сообраќајна несреќа со смртни последици. Како возач на комбе изгубил контрола над возилото и неконтролирано преминал на другата страна на патот и удрил во бетонски мост. Тогаш загинале маж и неговата бремена сопруга.

„Јутарњи лист“ пишува дека девојчето моментално e надвор од животна опасност.

Прикажи повеќе...

Регион

Драма во Хрватска: мал авион ја промаши пистата и удри во луѓе, има повредени

Објавено пред

Во несреќата што се случи на Хвар, Хрватска, кога помал авион ја промаши пистата, три лица се полесно повредени, јави ХРТ.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила во Староградско поле, кога авионот ја промашил пистата при слетување и удрил во двајца велосипедисти.

Повредените со хеликоптер се пренесени во сплитската клиничка болница.

Прикажи повеќе...

Регион

Тепачка пред средно училиште во Сараево: повредено едно лице

Објавено пред

Денеска во 11 часот и 40 минути пред Средното машинско-техничко училиште во Сараево дошло до физичка пресметка меѓу две лица во која едно лице е повредено, пренесува порталот „Radiosarajevo.ba“.

dobivaj vesti na viber

Според забележаното од порталот „Radiosarajevo.ba“ пред Средното машинско-техничко училиште, биле припадници на КС МУП и вршеле истрага.

„Пред училиштето се е оградено со жолти ленти, а полицијата е на терен“, пренесува порталот.

Според последните информации, непознат маж бил повреден од камен и во моментов се наоѓа во здравствена установа за да му биде укажана соодветна лекарска помош.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

(Видео) Поплави во јужна Германија, жителите евакуирани со хеликоптери

Невреме вчера и денеска погоди големи делови од јужна Германија, предизвикувајќи прекин на сообраќајот, а некои жители мораа да бидат...

Македонија1 час

(Видео) Мечка со мали мечиња излезе на патот во Маврово

На социјалните мрежи се појави видео од мечка со мали мечиња кои излегле на асфалтот во Маврово. Мечката се обидува...

Топ7 часа

Почина скопски таксист: возејќи патник на „Словенечка“ доживеал срцев удар

Таксист во Скопје почина од срцев удар. Се работи за 62-годишен скопјанец со иницијали Ќ.В., кому му се слошило на...

Свет7 часа

„Долга и тешка ноќ“ – Зеленски се огласи по рускиот напад, Полска го коментираше подигањето на авионите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по масовниот воздушен напад утринава од страна на руската армија врз енергетската инфраструктура на Украина,...

Македонија8 часа

Започна полагањето на државната матура

Со тест по мајчин јазик, вкупно 14.834 ученици го започнаа полагањето на државната матура во учебната 2023-2024 година. По овој...

Македонија8 часа

Стоилковски: Дванаесетте директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

ВМРО-ДПМНЕ бара од директорите на Хирургија да кажат колку операции се одбиени, колку пацинети се препратени од Хирургија во овие...

Свет8 часа

Реакции по планот на Бајден за крај на војната во Газа, Хамас е подготвен за разговор

Дел од светските лидери го поздравија новиот мировен план за Појасот Газа што го претстави американскиот претседател Џо Бајден. Хамас...

Свет9 часа

(Видео) Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Руската армија рано утринава нападна енергетски капацитети во пет региони на Украина, објави украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко. Како...

Свет9 часа

По Италија и Белгија не дозволува Украина да го користи нивното оружје за цели во Русија

Белгискиот премиер Александре Де Кроа изјави дека Белгија нема намера да и дозволи на Украина да го користи оружјето што...

Свет11 часа

Шефот на ОН го поддржа планот на Бајден за мир во Газа: „Да завршиме со оваа војна“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поддржа новиот предлог за запирање на војната во Газа, претставен од американскиот...

Македонија13 часа

Претпладне топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните...

Свет23 часа

(Видео) „Никој не е над законот“ – се огласи Бајден по пресудата против Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пресудата на Доналд Трамп во судскиот процес за поткуп на ѕвездата од филмовите за...

Свет1 ден

Блинкен потврди: САД му дозволија на Киев да користи американско оружје за цели во Русија

Американскиот претседател, Џо Бајден, одобри употреба на американско оружје од страна на Украина за цели во Русија, од каде се...

Македонија1 ден

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: „Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење“

Јован Деспотовски објави дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ, а кандидатурата ќе ја поднесе во зависност од роковникот....

Топ1 ден

20-годишник од Радовишко настрада по удар од гром

20-годишно момче од село Коџалија, радовишко синоќа почина по удар од гром, извести МВР. Околу 20 часот во Полициската станица...

Македонија1 ден

За грабнувањето и свирепото убиство на Вања и Панче – обвинение против четворица, за Палчо и за возачот продолжува истрагата

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. Тројца од обвинетите се...

Македонија1 ден

(Видео) Апасиев: Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, на собраниската седница праша како Билал Касами, инаку избран пратеник и градоналник, може...

Македонија1 ден

„Опасна зона на Водно, испитување на гасовод на висок притисок, опасно по живот“, предупредува ЦУК

ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата „Рапид Билд ДОО“ дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница...

Македонија1 ден

Османи – Блинкен: Евроинтегративниот процес, функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот...

Македонија1 ден

ЛДП: Изгласана доверба на претседателката Зајкова и раководството

Либерално-демократската партија вчера вечер ја одржа првата седница на Централниот одбор по изборите. Централниот одбор донесе одлука со која дава...