Регион
Место за сопствени чадори на плажите мора да има – Грција воведува нов закон

Почнувајќи од оваа пролет, Грција ќе имплементира нов систем за регулирање на уредените плажи.
Според новиот закон, најмалку 50 отсто од површината на плажата ќе мора да остане достапна за јавноста – значи, без приватни лежалки.
Министерството за национална економија и финансии на Грција воведе нов закон за регулирање на плажите и крајбрежниот јавен имот во Грција, според кој површината што се издава повеќе не може да надминува 50 отсто од вкупната површина на плажата. Процентот дополнително се намалува за областите означени со „Натура 2000“.
Новиот систем има за цел да го реши прашањето за приватно окупирање на јавните плажи. Грчкиот устав го признава крајбрежјето на земјата како јавно добро, обезбедувајќи им на граѓаните неограничен пристап во секое време.
Новиот закон ги нагласува аспектите како што се чистењето на плажите, обезбедувањето услуги, пристапот до објектите и присуството на спасители, пишува Real Greek Experiences.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.