Регион
Милановиќ: Не може да биде happy hour само за Украина, кога е happy hour, пијат сите
Условувањето на статус-кандидатот БиХ со промена на изборниот закон е како Украина да мора да изврши мирна реинтеграција на Крим – цинизам, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Денеска и утре, во Брисел се очекува европските лидери да одлучат за доделување статус на кандидат на Украина и на Молдавија на состанокот на Европскиот совет.
По правило, хрватскиот политички врв смета дека таков статус треба да добие и БиХ, а во писмото до првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, го повика словенечкиот претседател Борут Пахор пред една недела.
Хрватскиот претседател му се заблагодари на својот словенечки колега за чинот и рече дека тој лично не го потпишал писмото бидејќи тоа има поголема тежина доколку тоа го направи некоја страна поиндиректно вклучена во ова прашање, како што е Словенија.
Милановиќ го чекаше предлогот за доделување кандидатски статус на Украина и на Молдавија, кои тој ги поддржува, како единствена и неповторлива можност да се овозможи тоа и за Босна и Херцеговина.
Кога полскиот претседател Анджеј Дуда предложи кандидатски статус на Украина во март, цела група држави од ЕУ се спротивставија велејќи дека тоа е технички, а не политички процес, рече хрватскиот претседател. Ниту Киев ниту Кишињев сè уште не ги исполнуваат бараните критериуми.
„Кога е Happy hour сите пијат поевтино, тоа не може да биде happy hour само за вас“, рече Милановиќ поврзувајќи ја одлуката на Европската комисија за доделување кандидатски статус на Украина за време на посетата на четворицата лидери од Франција, Италија, Германија и Романија на Киев минатата недела.
„И сега имаме можност да кренеме палци на БиХ“, рече Милановиќ прашувајќи се кој во европската политика би можел да биде против тоа и од кои причини.
„Тие што се против треба да излезат во јавноста со тоа“, повика тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

