Регион
Милионските грабежи ја потресуваат Албанија

Во последните неколку месеци во Албанија се ограбени повеќе од десет милиони евра, што придонесува за загриженост и кај власите и во јавноста, јави дописникот на Макфакс од Тирана.
Последниот голем грабеж кој се случи во четвртокот при што група маскирани лица ограби на патниот правец Тирана – аеродром Ринаси , над 2,5 милиони евра пари на една банка за време на транспортот на средствата, се оценува како последица од несоодветната заштита на банкарските средства, јави дописникот на Макфакс од Тирана .
Дел од албанските медиуми, исто така, оценуваат дека можно е да станува збор за грабежи во кои се вклучени и одредени лица од обезбедувањето .
Директорот на албанската полиција Алтин Ќато информираше дека и за време на последниот грабеж имало бројни слабости на приватното обезбедувањето. Тој посочи дека станува збор за големи слабости.
И министерот за внатрешни работи, Саимир Тахири, рече дека слабостите во обезбедувањето на транспортот на партите од страна на банките бил со многубројни слабости.
Најголемиот грабеж беше извршен на аеродромот „ Мајка Тереза“ – Ринаси, кога беа ограбени околу три милиона евра , во текот на јули минатата година./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.