Регион
Мило Ѓукановиќ би можело во Хаг да сведочи во корист на Тачи?

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ наскоро би можело да оди во Хаг како сведок на одбраната за претседателот на Косово, Хашим Тачи, против кого е поднесено обвинение за воени злосторства, наведе Меѓународниот институт за балкански и источни студии – „Ифимес“, повикувајќи се на меѓународни извори и аналитичари.
Изворите потсетуваат дека тој требаше да биде сведок во одбраната на еден од највисоките функционери од Србија пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг, но тој, според наводите, се заканил на семејството на обвинетиот, а српскиот функционер подоцна го откажа барањето за сведочењето на Ѓукановиќ.
Во делот на анализата под наслов „Парламентарни избори во Црна Гора 2020: Крајот на ерата на Мило Ѓукановиќ“, „Ифимес“ смета дека затоа е оправдано да се постави прашањето дали Ѓукановиќ ќе го стори истото во случајот со Тачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Српски министер доживеа мозочен удар во емисија во живо

На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ утрово му се слоши за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата „Пинк“. Емисијата беше нагло прекината, а неофицијално се знае дека станува збор за тежок мозочен удар.
Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата „Пинк“, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниеден цел збор. Водителите го прашаа неколкупати дали се чувствува добро, но тој не можеше да одговори, па програмата беше прекината.
UDARNO: Hitno prekinut program na Pinku! Glišić se šlogirao u sred emisije?!
Ministru za javna ulaganja Darku Glišiću naglo je pozlilo uživo u jutarnjem programu na Pinku. pic.twitter.com/otIuN977tP
— Mario ZNA (@MarioBojic) August 5, 2025
Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека состојбата на Глишиќ е сериозна и дека тој бил донесен во Ургентниот центар во несвесна состојба.
Глишиќ беше итно префрлен во болница, каде што набргу пристигна српскиот претседател Александар Вучиќ. Глишиќ се смета за еден од неговите најблиски соработници.
Дарко Глишиќ е министер во владата на Србија од мај 2024 година. Тој е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година е претседател на Извршниот одбор на СНС.
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави заедничка фотографија на својот инстаграм-профил со министерот и напиша: „Даре, држи се! Нема предавање“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин
Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Регион
Петгодишниот брат ја застрелал малолетната сестра со пушка: децата си играле во семејната куќа во БиХ

Викендов се случил инцидент во БиХ кога петгодишен брат ја застрелал својата малолетна сестра (4) за време на игра.
Обвинителството потврди за Hercegovina.info дека дежурниот обвинител, Јосип Аничиќ, бил информиран за инцидентот и наредил да се спроведе истрага на местото на инцидентот.
– Според моментално достапните информации, братот (5) и сестрата (4) си играле во семејната куќа кога дошло до пукање од воздушна пушка – изјави портпаролката на обвинителството, Петруњела Матијевиќ, за Hercegovina.info, пренесува Srpskainfo.
Таа додаде дека полицајците, по наредба на обвинителот, се во фаза на испрашување на сведоците, со цел да утврдат како пушката се нашла на дофат на децата и кој ја оставил таму.
Според информации на медиумите во регионот, девојчето е добро и стабилно и без сериозни последици.
Фото: Принтскрин